Monday, August 22, 2016

REVIEW: Yves Rocher Sebo Vegetal Purity Face Mask!!!



Здраво девојки,
 Како што Ви најавив во мојот пост во кој Ви ја претставив линијата на Yves Rocher Sebo Vegetal  , тој пост може да го погледнете тука,  во наредниот период ќе може да прочитате неколку детални рецензии за производите од оваа колекција.
Sebo Vegetal  е колекција наменета за нега на масна кожа на лице кој во себе содржи Бајкаласка прав односно пудер, кој помага во одстранувањето на прекумерниот себум , ја чисти длабински кожата, ја прави мазна и ја матира.
 Оваа колекција е дел од големото семејство на брендот Yves Rocher, Француски козметички бренд кој создава сосема природна козметика без парабени.
Денес , сакам да Ви ја претставам маската за лице од линијата Sebo Vegetal на компанијата Yves Rocher, целосно природен препарат наменет за нега на масна кожа на лице. 
Самата маска доаѓа во пластично пакување од 75мл за 680 денари ,но во моментов е на попуст па може да ја купите за 469 денари. Според мојот начин на користење, оваа количина на производ е доволна за 3 месечно користење, во најмала рака.
 На самото пакување е испишан брендот, името на прозиводот како и состојките од кои е направена оваа маска за лице. Деталниот состав на овој производ може да го најдете на официјалната страна на  овој бренд.
Она што е битно и на што сакам да обрнам внимание во овој пост, е нејзината текстура и начинот на кој таа делува. 
Самата маска е доста густа , со бела боја и мазна текстура која лесно и едноставно се нанесува на лицето. Има пријатем мирис па така ќе уживате додека маската е на Вашето лице. 
Ова е тип на производ кој полека се суши,  и на тој начин ја собира сета непотребна маснотија од  кожата.
 Одкако маската целосно ќе се исуши , одприлика за некои 5-7 минути, со млака вода и нежни движења ја одстранувате од Вашето лице и на тој начин ја одстранувате сета непотребна маснотија . 
После нејзиното дејство, лицето е видно почисто и тонирано односно сите црвенила и колорации на тенот се изедначени себумот е одстранет и кожата е мазна и чиста,
Јас ја нанесувам еднаш во 7-10 дена, и тоа е сосема доволно за безпрекорен и здрав изглед на моето лице.
Која маска за лице ја користите Вие?

No comments:

Post a Comment