Wednesday, August 24, 2016

Омилени козметички производи под 1000 денари / Favorite cosmetic products under 1000d. !!!

Здраво девојки, 
изминатиот пост од овој тип, во кој ви ги прикажав моите фаворити чија цена е под 1000 денари, а се однесуваа на шминка, наидоа на доста голем интерес, па затоа одлучив да направам уште 2 поста од ваков тип. Така, денес ќе ви ги претставам моите козметички фаворити, чија цена не надминува 1000 денари, а во некој од наредните поста тоа ќе го направам со рандом производи, кои не можев да ги вклопам ниту тука, ниту во претходниот пост посветен на производи од декоративната козметика. 

Па, да започнеме:
Кога станува збор за козметички производи и препаратива, јас најчесто користам брендови кои лесно можат да се најдат кај нас. Па така и моите фаворити во овој пост се производи кои се лесно достапни за сите нас. 
Ова се моите фаворити чија цена не преминува 1000 денари:

1. Тоник за лице 
Тоникот за лице е мојот омилен производ за нега на лице, бидејќи и дава свежина и беспрекорен изглед на кожата. Па така, еден од моите фаворити мораше да биде и тоникот. Нивеа е дефинитивно бренд, чии производи одлично и одговараат на мојата кожа, а така е и со овој тоник за масна кожа. Сосема благ производ кој одлично ја листи кожата, ја матира и хидрира во исто време. Покрај тоа овој тоник има и феноменален свеж мирис. 
Неговата цена изнесуваше околу 250 денари .

2.Средство за отстранување на шминка
Овој производ беше првото двофазно средство за одстранување на шминка, кое јас го пробав. Иако после него испробав уште неколку, сепак овој производ на Нивеа на мене остави најдобар впечаток. 
Самото пакување е мало, но трае со месеци. Со само еден потег ја вади целата шминка од очите, а јас го користам и како средство за отстранување на шминката од лицето. После него, кожата е мека, нежна и чиста. 
Јас го купив во локален маркет на акција заедно со тупфери за цена од 160- 200 денари. 

3. Стик за лекување на акни 
Стикот на Орифлејм од чајно дрво. За овој производ веќе пишував неколку пати и секогаш кога имам прилика го споменувам, па сигурно ви здодеав, но не можам да престанам да ги пренесувам моите позитивни импресии од него. Едноставно, феноменален производ кој одлично ги негува и лекува акните. 
Неговата цена на акција како што најчесто јас го купувам е 129 денари.

4. Лосион за тело
Кога станува збор за нега на тело, неизбежен е лосионот со кој ќе ја хидрирате вашата кожа. Јас имам користено голем број на различни лосиони, но како мој фаворит се издвои овој лосион од малина и пеперминт. Лосионот е лесен, лесно се нанесува и многу брзо се упива во кожата. Притоа ја храни и негува, ја прави мека, свиленкаста и исто така и дава дискретен мирис на малина кој трае со денови. 
Неговата цена е 239 денари. 

No comments:

Post a Comment