Saturday, August 13, 2016

Yves Rocher Lip Products !!

Здраво девојки, 
Добродојдовте на мојот блог. Изминатиов перид како што знаете се сконцентрирав малку повеќе на испробување на моите нови производи ,а бидејќи оние на Yves Rocher се најмногубројни, следат и поголем број на постови за нив. Искрено се надевам дека овие текстови се интересни за Вас и дека ви помогнав во изборот на некој од овие производи. 
Но, да започнеме со денешната тема, а тоа се производите за усни на оваа компанија, и тоа 3 кармини и еден креон кармин, ако можам да го наречам така. 
Она што можам да го кажам за сите производи заедно, е тоа што ми се допаѓа нивниот сладок мирис, одлични пакувања и феноменална текстура. Што се однесува до пигментацијата, таа е различна зависно од линијата на кармини. 

Па да започнеме. 
Прва линија за која што сакам да зборувам е линијата на билни кармини на Yves Rocher , а јас ги имам во две нијанси 31 Rose Grenadine и  41 Iris Mauve .
Како што споменав погоре, овие кармини имаат одлична текстура, лесно се нанесуваат на усните и траат со часови, иако не се трајни. 
Карактеристично за нив е тоа што во себе содржат природни масла кои потполно ги хранат и негуваат усните . А исто така уште една интересна карактеристика, е тоа што овие кармини во себе содржат сосема ситни светки кои нанесени на усните скоро и се неприметливи,но даваат интересен одсјај и понаква димензија на усните. 
Јас нарачав две нијанси, во број 31 сосема нежно розева која гледана по карминот изгледа како корална ,но наесена на усните е сосема нежна розева нијанса. Покрај неа, сакав да пробам и некоја потемна нијанса па затоа ја земав оваа 41 која влече на виолетово. 
Како што може да видите на самата слика, овие кармини немаат многу јака пигментација, односно даваат ефект на усните како да сте ставиле некој сјај. Мене одлично ми легнаа овие 2 нијанси и оваа билна линја.Ги обожавам. 

Покрај билната линија, сакав да ја испробам и линијата за хидратизација, односно го нарачав хидрантниот кармин на овој бренд во број 21 Mauve alcee. 
Ова е тип на кармин кој во себе содржи седеф, ако не се лажам, но има сатенски ефект па е одличен за вечерна шминка. Сепак ,нијансата која јас ја избрав е сосема нежна и одлично може да се вклопи со јака шминка на очите,а и со сосема сведена неутрална шминка. 
Пигментацијата на овој кармин е нешто појака од предходните два. 
 Одличен кармин,пријатен на усните и  хидратизирачки. Нанесен на усните, овој кармин им дава волумен ги прави полни и јасно нагласени. Не се размачкува па со самото тоа нема потреба од постојано поправање. Исто така, одлична карактеристика е тоа што може да го нанесете самосталлно без молив за усни, а притоа тој повторно нема да се разлева.

И како последен производ во овие производи за усни на Yves Rocher кој сакам да Ви ги претставам денес, е крен-карминот во светло виолетова боја.
 Дефинитивно ова е производ со најголема пигментација ,споредено со предходните 3. 
Самиот производ е доста кремаст, хидратантен и лесен за нанесување.
Има пријатен мирис ,сосема благ и мене ме потсетува на некои гумени бомбони. 
Како и билните кармини, така и овој креон, во себе содржи ситни светки кои само ја нагласуваат устата на еден софистициран нежен но, гламурозен начин. 
Јас го обожавам овој кармин во комбинација со eyeliner и едноставна шминка на очи, па самиот креон со својата јака боја ги нагласува усните. Инаку ова е мојата омилена боја на кармин за усни, а воедно и боја која најдобро одговара на мојот светол тен. 
Овој креон, го носам и во дневна и во вечерна варијанта на шминка.

Тоа е се за овој пост, се надевам дека Ви се допадна. 
Кој е Ваш фаворит од овие 4 производи?

No comments:

Post a Comment