Friday, July 22, 2016

Yves Rocher Natural Blush ..

Здраво девојки , 
Секојдневната и едноставна шминка, поради големите температури во овој летен период, за  мене е шминка која ја носев и во вечерните часови. 
Па така, имав потреба од лесни производи кои ќе ми помогнат да го постигнам тој природен изглед. 
Така, бев воодушевена од руменилото на Yves Rocher во број 10 кое е најприродното руменило кое сум го пробала. 
Овој производ доаѓа во пластично пакување од 7гр. што е одлична количина за ваков тип на производ. 
Самото руменило, лесно се нанесува и бленда на образите , неговата пигментација е средна што овозможува негово дозирање и надоградување.
 Јас се одлучив за бојата 10, нежно розева нијанса која на образите им дава сосема блага и природна боја. Она што сакам да го потенцирам, е тоа дека ова руменило ја истакнува својата пигментација многу повеќе доколку е нанесено на обрзаи кои предходно имаат пудер.
Нанесено самостално на образите ќе даде сосема блага боја ,скоро и неприметлива. 
Сепак, најдобар резултат за мене, ова руменило даде кога го нанесував со beauty blender на местата каде сакам да остане, а потоа го блендав со четка за руменило. Феноменален изглед. 
Одлично руменило, со сигурност купувам уште некоја нијанса на ова руменило.


2 comments:

  1. Супер постови, интересни за читање и производите на кои правиш рецензии се солидни.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти Благодарам.. Ми значи многу што ти се допаѓаат моите текстови.Дали го имаш пробано ова руменило ?

      Delete