Здраво девојки,
Неутралните
кафеави нијанси на сенки за очи се едни од моите омилени.
Овој тип на
сенки се мојот избор кога станува збор за секојдневна шминка, вечерна
гламурозна но дамска шминка, а особено се мој избор кога имам малку време за средување.
Па така, во мојата
колекција на шминка се наоѓаат поголем број на неутрални палети со сенки , но
оваа палета на Catrice – Absolute NUDE мие некако посебно драга и последниов месец е
мој избор кога имам потреба од гламурозна шминка.
Палетата доаѓа во пластична паковка и во себе содржи 6
нијанси,од беж до темно кафеава, и
секоја од нив е преполна со шимер.
Покрај нив, во оваа палета се наоѓа
апликатор кој од едната страна има сунѓерче , а од другата мала четка која е
идеална за нанесување на најсветлата нијанса во внатрешниот агол на окото.
Текстурата на овие сенки е добра, но многу подобро се
нанесуваат со тапкање по очниот капак одколку со класично размачкување по него
бидејќи се ронат.
Лесно се блендаат и стопуваат една со друга, а нивната
пигментација е средна што дава можност за надоградување.
Исто така, во оваа
палета има феноменален склоп на бои па може да созададете дневни и вечерни
варијанти на шминка.
Уште еден интересен факт за оваа палета, е тоа што на
задната страна може да најдете туторијал за тоа како да ги користите сенките и
како да постигнете „зачаден„ изглед со помош на овие 6 бои кои ви ги нуди Catrice . За мене oва е феноменална
палета и сигурно ќе се најде во моите фаворити за месец Јули.
No comments:
Post a Comment