Monday, July 18, 2016

Look Of the Week..



Здраво девојки,
Изминативе неколку дена немаше нови постови на мојот блог  поради приватни обврски ,но се врајкам од таму каде што застанав, а тоа е ованеделниот Look Of the Week.. пост, а овој пат тука ќе ви ги претставам моите летни фаворити кога станува збор за сандали и летни обувки.
Знам дека не постои девојка која во својата колекција нема барем еден пар на сандалките на Бразилскиот бренд Ipanema, но сепак ,нивната нова колекција за ова лето, беше одлична испирација за мене да направам еден пост во кој ќе ви го преставам овој бренд и мојот избор за ова лето.
Како што сите добро знаеме ,Ипанема е Бразилски бренд кој во светот,па и кај нас, е еден од најпознатите брендови кога зборуваме за сандали и папучи за женската популација.
 Овој бренд, нуди производи кои се пријатни ,меки и лесно прилагодливи на стапалото, па така прошетката во овие сандалки е вистинско уживање. 
Она што мене ми се допаѓа најмногу , е тоа што покрај одличниот материјал и удобните обувки, оваа компанија нуди и одличен дизајн на своите производи ,па така тие може да се вклопат во секојдневен изглед за на плажа, прошетка по градот, па се до вечерни излегувања во жешките летни денови.
 Затоа, некои од познатите личности како Gisele Bundchen, секојдневно уживаат носејќи ги овие обувки. Исто така, овој бренд нуди обувки за целото семејство, па така во нивната колекција може да најдете женски, машки и детски обувки.
Новата колекција за ова лето ме фасцинираше, и навистина ова лето на нивните штандови може да најдете одлични парчиња. Иако беше доста тешко да се одлучам за 2 производи ова лето , мојот избор падна на еден пар сандалки и еден пар на апостолки.
Како што веќе погоре напоменав, ова лето се одлучив за еден пар на црни сандалки ,од колекцијата на овој бренд, кои се едноставни , но истовремено поради златните детали и црните перли , интересни и лесно прилагодливи на повеќе комбинации. 
Овој пар на сандалки, јас го носам во дневна варијанта со добар тексас шорц или летно фустанче во златно кафеави бои, а навечер како додаток на црна сведена комбинација со што добивам одлична комбинација за опуштена вечер со другарките.


Покрај сандалките, ова лето се одлучив и за еден пар на аостолки кои се елегантно црни со детали во неколку бои ,па така може да ги комбинирам со неколку купаќи костими и лесни дневни варијанти.
 Овие се едни од најудобните апостолки кои сум ги пробала а кои одлично лежат на ногата . Моја омиелна комбинација е долг фустан на тенки прерамки , надополнета со овие лесни и интересни апостолки .

И тоа е се за овој пост, се надевам дека Ви се допадна. Кој е Вашиот Ipanema избор за ова лето ?

No comments:

Post a Comment