Monday, July 4, 2016

Weekly Make up Basket!



Здраво девојки ,
Изминатата недела, мојата неделна корпа со шминка не се промени, па така 2 недели по ред остана истиот состав на производи. Затоа, денес, мојата нова неделна корпа со шминка , е нешто поразлична и во себе содржи поголем број на производи. 
Секако , летниот период и секојдневните забави и излегувања, се одлична пригода за испробување на нови производи, а секако тоа е и период од годината кога ни е потребна секојдневна нова и интереесна шминка.
 Затоа, оваа недела, во мојата неделна корпа со шминка јас вклучив поголем број на производи со кои ќе направам различни интересни но, и гламурозни варијанти на шминка на моето лице. Ова се производите кои ги избрав оваа недела:

Што се однесува до подлогата, и оваа недела моја комбинација се Аурините Refresh Me течен пудер и  Correct me коректорот. За фиксирање на мојата шминка, оваа недела ке биде задолжен Rimmel , а перлите на Avon се задолжени за бронзениот тен. 
Дуотот на Aura, оваа недела ќе ми помогне да направам суптилни контури и дискретен хајлајт, како руменило го избрав руменилотот на Yves Rocher, и стандардниот сет за веѓи на Essence
Оваа недела, во мојата корпа вметнав 2 палети со сенки,и тоа во неутрални кафеави тонови на Catrice, и црно бела комбинација на Gosh.
Маскарата на Maybelline оваа недела е мојот избор, а покрај неа во оваа корпа вклучив и 2 моливи за очи и тоа темно сива нијанса на Gosh, темно зелена нијанса на молив за очи кој во себе содржи голем број на светулки на компанијата Avon , и Ауриниот туш за очи во форма на фломастер.
И последно , мојот избор на производи за усни, се сведе на Essence кармин и молив за усни , 2 кармини на мода , мода молив за усни и Malena мат течен кармин. 
 Тоа се сите производи кои оваа недела ја оформија мојата неделна корпа со шминка. Се надевам Ви се допадна мојот избор, а можеби добивте и инсирација за некој make up изглед.

No comments:

Post a Comment