Monday, July 25, 2016

Summer make up / Лесна Летна ШМИНКА !



Здраво девојки,
Летниот период е време од годината кога на мојата кожа и е потребна целосна слобода, во смисла на шминката , па затоа мојата секојдневна рутина на шминкање се состои од сосема мал број на производи.
 Сепак, иако во овој летен период користам мал број на производи од декоративната козметика, со исклучок на шминката  која ја носам на различните прослави во овј период, успеав да направам make up look кој е доволно лесен за кожата , а од друга страна моето лице видливо е нашминкано. 
Па така, одлучив да ви ги пренесам моите искуства и производите кои јас ги користам на дневна база како би постигнала лесна летна шминка.

Ова се производите кои јас ги употребувам во мојата секојдневна рутина на шминкање:
-          Во овој летен период пудерот изостанува од мојата рутина, а наместо него се трудам секојденвно да ја негувам кожата со добра крема, да ја чистам со одличен гел и да ја тонирам со благ тоник. 
Па така, мојот тен е изедначен и непостои голема потреба од пудер.
 Недостатоците на лицето, односно во пределот под очите, средината на челото , средината на носот, брадата и мал дел на горната усна , ги прекривам со течен коректор кој е лесен и лесно се бленда. 
Улогата на овој коректор е да ги посветли тие делови на моето лице, и пред се да се стави акцент на моите очи. Јас го користам Ауриниот Correct ME  во број 302.

-          Следен производ кој го користам, е мешавина на бронзер и руменило. Со коса четка , земам мала количина на бронзер и мала количина на руменило заедно, и потоа нежно го нанесувам на пределот на кој ставам бронзер, со што добивам контури и природно руменило на тие делови.
 Секако , добро ги блендам овие производи каои би се стопиле со останатитот дел од лицето и како и се одстраниле оштрите премини и линии на лицето. Дуото на Флормар е мојот избор.

-          Незаменлив производ, барем во мојата рутина, е маскарата која ќе ги нагласи очите и че ги направи визуелно поголеми. 
Мој избор секогаш е маскара за волумен, бидејќи моите трепки природно се доста долги, а со додавање на волумен трепките се доста впечатливи и некако го надополнуваат целиот изглед.Во моментов ја користам 2000 калории на Мах фактор и сум презадоволна од ефектот на оваа маскара.

-          Кога сакам да направам повпечатлив изглед, користам беж светла сенка во внатрешниот агол на окото со што моите природно коси очи визуелно се издолжуваат и нагласуваат.
 За таа цел ја користам најсветлата нијанса на палетата со 4 бои на Авон Mocha Latte мислам дека беше името на палетата.Ја имам долго време и веќе е избришан нејзиниот назив, но јас ја обожавам бидејќи има одлична пигментација и квалитет.

-       -   И како последен производ  користам балзам за усни кој е безбоен . Ваквиот балзам ги нагласува моите усни , давајќи им природен сјај . Во моментов тоа го постигнувам со путерот за усни од кокос на Галафарм.

И тоа се сите производи кои јас ги користам како би постигнала лесна летна шминка. Мене ми се потребни 5 минути и веќе сум спремна.
Кој е Ваш омилен производ ова лето,кога станува збор за шминка? 

*насловната слика е  преземена од следниов линк

No comments:

Post a Comment