Monday, May 30, 2016

Ziaja Natural Olive Hand Cream VS. Ziaja Coconut Hand Cream


Здраво девојки,
Денес , за Вас , спремив еден текст во кој сакам да ви прикажам 2 производи на компанијата Зиаја, односно две креми за раце кои се неопходен козметички производ во овој период од годината.
Станува збор за кремите за раце на Зиаја од маслина и кремата од кокос.
Она што можам да го кажам генерално и за двете , е тоа дека имаат интересна амбалажа која е доста практична. Притоа никогаш кремате не се разлева по нејзиниот капак како што е случај со оние креми кои се наоѓаат во туба. 
Овие производи се едни од ретките, ако не и единствени на пазарот, кои имаат сосема природен и вистински мирис ,особено кремата од кокос.
 Секогаш кога оваа крема ја имав на моите раце, каде и да појдев сите ме прашуваа кој е тој преубав парфем кој го имам на себе, а всушност тоа беше крема за раце. 
Сепак, овие два производи имаат сосема различна намена па така одлични се за она за што се наменети. 
Кремата од маслинки, е производ наменет за сува кожа, и одлично се справува со сувата и дехидрирана кожа. Со негова редовна и секојдневна уотреба, сувата и груба кожа н арацете, станува мека и нежна и притоа не е масна. 
Онаа карактеристика што е една од моите фаворити , е тоа што овие креми се впиваат многу брзо и не оставаат масен слој на рацете со кој го флекате мебелот по дома и Вашите алишта. Исто така оваа крема, е одлична и за Вашите нокти. 
Маслината ги храни и негува , па така тие се поцврсти ,поздрави и не пукаат. За мене ова е една од најдобрите креми што сум ги пробала, ја користам во моментов, а после еден месец секојдневно користење ,кремата е до пола потрошена што е извонредно и за Вашиот џеб. 
Оваа крема ми ја дава сета потребна нега за моите раце.

Кремата од кокос , е крема со нешто поретка текстура од онаа на кремата со мослини.
 Ова е едноставно лесен производ кој ќе ги освежи и разлади Вашите раце кога ќе го нанесете на  нив. Лесно се впива во кожата и ја храни ,па така по користењето на оваа крема кожата на рацете е совршено мазна. 
Како што напоменав погоре, оваа крема е козметички производ со најдобар мирис н акокос кој сум го користела, а она што е феноменално е тоа што таквиот мирис се задржува со часови на рацете, па дури и по нивното миење со сапун.
 Навистина одличен производ за секојдневна нега, практичен за нанесувањ ена работно место, школо или факултет, поради неговата формула која прави да оваа крема се впие во вашите раце за 1-2 мин.
 Исто така оваа крема е доста погодна и за лица кои постојано користат некои детергенти  и различни хемиски средства, бидејќи ја штити, измазнува ,ревитализира и затегнува  кожата оштетена од таквите препарати.
Тоа се моите впечатоци за овие два производи на Зиаја, се надевам дека Ви се допадна овој мој текст. Дали сте пробале некоја од  кремите за раце на Зиаја?

No comments:

Post a Comment