Tuesday, May 3, 2016

AURA Take Care of ME Foundation !!!


Hey girls,
Welcome. Today, I want to present you the Take Care of Me foundation by Aura. This is a foundation whit medium to full coverage, that makes this product excellent for day and night make up. This foundation has a Vitamin C , and for that this product makes the skin fresher and healthier. But this is a little bit heavier foundation so it takes more time to blend it out and to set on the face. Over all, very good foundation because of the Vitamin C and because of the SPF 15 .
 
Здраво девојки,
Денес , за Вас ја припремив рецензијата за третит пудер на компанијата Аура,  а тоа е Take Care of Me течниот пудер. Ова е нешто поразличен пудер од предходните два за кои зборував тука и тука.
Овој пудер, доаѓа во стаклено пакување кое на себе има пумпица па лесно и едноставно можете да го дозирте производот. 
Самиот пудер има доста мазна и свиленкаста структура, а неговата покривна моќ се движи од средна до целосна, со тоа што има можност за надоградување па може да се користи за дневна и за вечерна шминка.
Она што го прави поразличен од останатите два пудери на Аура за кои зборувавме во изминатите постови, е тоа што овој пудер во себе содржи Витамин Ц ,
 што ја освежува кожата и ја храни. 
Исто така, заштитниот фактор СПФ 15 ја штити кожата од штетните сончеви зраци,па со самото тоа е одличен за дневна шминка.
Овој пудер се нанесува лесно но, има потреба од подолготрајно разнесување по лицето со четка додека не се изедначи, барем такво е моето искусво. 
Исто така, во првите 15тина минути по нанесувањето на лицето ,  имате чуство дека Вашата кожа е влажна, но одкако ќе се сетува ,овој пудер ќе остане тука со саати. 
Одкако ќе го одстраните навечер, кожата е мека и нежна како да сте имале крема преку целиот ден. 
Одличен пудер кој ја негува кожата со самото тоа што е нанесен на неа, притоа не ги истакнува сувите делови и не ја исушува кожата на лицето. 

No comments:

Post a Comment