Здраво девојки,
Во изминатите 3 поста тука на мојот блог, ги разгледавме
пудерите на компанијата Аура, а денес ќе направам за Вас , споредба помеѓу овие
пудери.
Cover Me ,
Refresh Me и Take Care of Me се трите пудери
за кои зборувавме.
Она што е заедничко кај сите овие , е тоа што се
навистина долготрајни и многу добро се прилагодуваат на кожата.
Сепак , кога
станува збор за негата на кожата која секој од овие пудери и ја дава, Take Care of Me пудерот е
најдобар во тоа од овие 3 поради Витаминот Ц кој го соджи во себе, овој пудер
ја негува и храни кожата.
Што се однесува до прекривната моќ, дефинитивно Cover Me пудерот е
најдобар за прекривање на сите неправилности на кожата на лицето, со само еден
слој, а кога станува збор за најудобно чуство на носење, тоа заслужено може да
му се препише на Refresh
Me течниот пудер.
На крај , доколку барате пудер за вечерна шминка која ќе
биде перфескно чиста и ќе остане на Вашето лице со саати, изберете го Cover Me пудерот на
Аура. Доколку сакате дневна свежина на Вашето лице, лесна шминка и мала до
средна прекривност , тогаш Refresh Me течниот пудер е идеален за Вас. А доколку сакате средно
покривна моќ на пудер кој во исто време ќе ја негува Вашата кожа и ќе може да
го користите истовремено и за вечерна и за дневна шминка, тогаш Take Care of Me течниот пудер
на Аура е тоа што го барате.
Дали сте пробале некој од овие 3 пудери на компаниајта
Аура?
No comments:
Post a Comment