Здраво девојки,
Неодамна, кај мене пристигнаа новитетите на компанијата
Аура , благодарение на Аура Груп од Скопје, па сакам да ги споделам со Вас.
Компанијата Аура на пазарот пласираше неколку новитети
кои, на прв поглед, можам да кажам дека изгледаат феноменално.
Како новитети на оваа компанија се најдоа :
-
Take
it off мицеларна вода и двофазно срество за одстранување на шминката од очите.
Овие два производи се одлична комбинација за целосно
одстранување на шминката со само неколку потези.
Мицеларната вода е благо
средство кој во себе спдржи камилица ,ружа и алое вера , и лесно и едноставно
ја одстранува шминакта од лицето, а додека пак двофазното средство ја
одстранува шминката од очите со само еден потез.
Нешто повече за овие производи
ќе може да прочитате во некој од моите наредни текстови.
-
Исто така, како новитети компанијата издаде
и 4 нијанси на карминот Shine
Excess, кои се доста смели погодни за дами кои сакаат да бидат
различни и впечатливи.
770 во кафеава нијанса, 771 лаванда , 772 плава и 773
црна, се новите нијанси на овој кармин. Самата текстура е одлична , многу
подобра од предходните кармини, сосема кремаста и сјајна.
-
И како последен новитет, се 4 нијанси на
Amazingly resistant
лаковите за нокти. Сива, плава, вишна и црна боја на лак кој е доста
пигментиран и има голема покривна моќ.
Тоа се новите производи на компанијата Аура , за кои
секако подетални впечатоци ќе може да прочитате во некој од моите наредни
постови.
No comments:
Post a Comment