Hey girls,
Welcome.
Here is an unboxing post today. I have ordered some products from the Lush fresh
handmade cosmetics that you can find in the City mall in Skopje, or you can
ordered from their web site and they will sent the products to your home.
All
of this products are handmade and natural without paraben , parafin and colors.
I ordered a fruit shampoo , some soaps
and a face and body scrub.
I also get some free testers of another products. In
the pictures down you can see the products, and my impressions about them you
will be able to read in some future posts.
Здраво девојки ,
Веќе некое време немам направено ваковпост на мојот блог
бидејќи се одлучив да ја намалам мојата залиха на производи но, од сега па
натака ќе можете да читате почесто вакви постови. Се надевам дека ќе ви се
допадне овој пост и моите новитети.
Овојпат, наидов на доста интересен бренд чии производи се
потполно
природни па нарачав неколку производи, а во пакетот кој ми пристигна
на домашна адреса, имаше и доста тестери.
Станува збор за Lush Fresh Handmade Cosmetics, производи
кои може да ги најдете
на штанд во трговскиот центар City mall во Скопје, а за
сите нас кои не сме од Скопје оваа компанија нуди можност да се направи
интернет порачка на нивните производи кои ќе пристигнат на Вашата домашна
адреса.
Јас порачав неколку производи кои ме привлекоа поради
својот состав и примена. Ова се производите кои ги порачав :
1. I Love Juicy шампон за коса кој има феноменален мирис на тропско овошје.Наменет за длабинско чистење на коса склона кон мастење
2. Lush Fresh Farmasy сапун за лице и тело , наменет за чистење на кожа полна со акни
3. Sea vegetables- сапун на база на морска сол и морски алги кој е наенет за омекнување на кожата и нејзино длабинско чистење
4.Sexy Peel сапун - цитрусен сапун кој е наменет за утринско туширање со кој ќе ги разбудите сите сетила и да останете свежи
5. Outback mate сапун- сапун со која ќе ја тонирате Вашата кожа
6.Ocean salt facial scrub - пилинг за тело и лице кој во себе содржи морска сол
И како поклон добив неколку тестери на различни производи од нивната колекција.
Се надевам дека Ви се допаднаа овие производи, јас со нетрпение започнувам да ги користам, а за сите мои впечатоци ќе може да прочитате во некој од моите наредни постови.
No comments:
Post a Comment