Friday, April 29, 2016

Aura Cover ME Foundation !!!


Hey girls,
Here is another amazing foundation for night make up. It’s the Aura Cover Me foundation. This foundation has full coverage, is very easy to apply and blend , and it will last on your face for hours. Also , this foundation is very good like eye shadow base.
The foundation came in a plastic packaging of 30ml that is very elegant and interesting. Very practical and easy to have in your bag. This foundation has 6 colors – from 101 to 106, and all of them have a yellow undertone.
Over all very good foundation for night make up , that will stay on your face for 5 or more hours. 
Здраво девојки,
Новите производи кај мене во последниов месец се доста честа  појава и секои од нив кој сметам дека е доволно добар го споделувам со Вас.
 Така дојдов до идеа да направам компарација помеѓу три пудери на компанијата Аура но, бидејќи моите впечатоци се малку поголеми и не би сакала да напишам само неколку реченици за секој од нив, решив првенствено да Ви го претставам секој пудер, а потоа ќе направам пост во кој ќе ги споредам овие три пудери.
 Но, да започнеме со постот.
Денес сакам да Ви го претставам течниот пудер Cover Me на комапнијата Аура.
Ова е пудер со потполна прекривност, пудер кој ќе ја покрие секоја неправилност на Вашето лице со само еден слој, пудер кој нема да ги истакне сувите делови и ќе ја контролира масната кожа. Ова е пудер кој е малку потежок и мислам дека е подобар пред се за јака и вечерна шминка но, може да се користи и во дневна  варијанта. Она што исто така е позитивно кај овој пудер е тоа што може да се надоградува без никаков проблем.
Пудерот доаѓа во елегантно и доста практично црно пакување на кое има прозирен дел каде може да ја погледнете нијансата на самиот пудер. Можеби едниствена мана на овој производ, е тоа што нема пумпица преку која би можела да се дозира количината на производ.Пудерот може да го најдете во 6 нијанси(од  101 до 106 ) , и кај него доминира жолтиот подтон.
Јас го користам кога сакам да креирам погламурозна шминка за вечерен изглед или некоја посебна прилика. Исто така, го користам и како база за сенки , и се покажа како обличен во таа намена.
Можам да кажам дека ова е еден од најдобрите пудери кои сум ги пробала до сега 

No comments:

Post a Comment