Tuesday, April 5, 2016

Eucerin®EVEN BRIGHTER

Здраво девојки, 
Во извонредната производна линија на медицински препарати за нега на компанијата Еуцерин, денес сакам да Ви ја претставам нивната линија на производи со која ќе ги одстраните различните пигментации на Вашето лице. 
 
ЗА СВЕЖА И СЈАЈНА КОЖА СО РАМНОМЕРЕН ТЕН, НЕЗАВИСНО ОД ВОЗРАСТА
Хиперпигментациите се потемни делови на кожата, коишто може да бидат со различна форма и интензитет. Познати се различни видови хиперпигментации – пеги, мелазма, старечки дамки, хиперпигментации после акни и други воспалителни процеси во кожата.
Нормалната боја на кожата се должи на пигментот кој го создаваат меланоцитите, а чија активност е поттикната од сончевите зраци. Хиперпигментациите настануваат при зголемена активност на меланоцитите како резултат на претерано изложување на сонце, хормонски промени, воспалителни процеси и кожни трауми, некои лекови, при стареење на кожата. Бојата на пигментациите и резултатите од третманите се поврзани со длабочината на кожата каде се исталожува пигментот. Постојат бројни дерматолошки процедури за избелување на хиперпигментациите. По завршување на соодветниот третман, следува нега на кожата со производи кои ја стабилизираат синтезата на меланин и обезбедуваат соодветна заштита од сонце. Соодветна фотопротекција е потребна во целиот сончев период во годината, односно од рана пролет до доцна есен.

EVEN BRIGHTER
Eucerin®EVEN BRIGHTER е првата специјализирана линија на медицински производи, којишто го помагаат одстранувањето на пигментните промени на кожата со истовремен регенеративен, протективен и подмладувачки ефект. Активната состојка Б-резорцинол ја стабилизира прекумерната синтеза на меланин и долготрајно ги намалува пигментните дамки, со што се постигнува порамномерен и сјаен тен. Глициретинската киселина во производите ја помага регенерацијата на клетките оштетени од дејството на УВ зраците и ја заштитува кожата од предвремено стареење. Линијата предлага дневен крем во кој има и заштитен фактор од сонце (SPF30), со што кожата е дополнително заштитена од хиперпигментации. Ноќниот крем ја подобрува регенерацијата на кожата во текот на ноќта, а серум-концентратот го засилува ефектот на дневниот и ноќниот крем. Линијата е дополнета со коректор за интензивен локален третман на поединечни пигментни промени на кожата.

No comments:

Post a Comment