Hey girls,
Welcome.
Today I want to present you a new line of products that I start using recently.
It’s the Ziaja Natural olive collection, and the products that I have are the
face cream , the eye cream and hand&nails cream. Firs of all I must say
that this is a natural cosmetic and this products are paraben and color free.
Every ingredient in them is natural .
This line is
whit natural olive and is very good for dry skin because this products give
hydration to the skin. I use this 3 products for 2 weeks now, and I can say
that I’m very satisfy whit them. The face cream makes my skin soft and helps me
whit the pigmentations of the acnes, the eye cream makes the skin very soft and
revitalized, and the hand cream is very good for this spring time. All of them
have a very pleasant fragrance like olive.
Very good products.
My total recommendation .
Здраво девојки,
Добро дојдовте на мојот блог. Денес, сакам да Ви ја
претставам линијата на природни козметички производи на компанијата Ziaja , односно нивната
линија на производи со маслинка. Тимот на Топ Поинт од Скопје, беше толку
љубезен да ми ги испрати овие производи на домашна адреса , па така сум во
можност да ја испробам оваа колекција.
Она за што денес ќе зборуваме тука, се всушност крема за
лице, околуочната крема и кремата за раце со природна маслинка.
Оваа колекција е составена од повеќе производи, а
нејзината основна намена е хидратизција и ревитализирање на сувата и нормалната
кожа. Иако, како што добро знаете, мојата кожа на лицето е нормална до масна,
ваквиот тип на производи би требало да предизвикаат дополнително мастење, што
не беше случај со овие производи.
Нанесувањето на сосема мала количина на овие
креми и нејзиното добро впивање
преку неколку минутна масажа, не
предезвика дополнително мастење на моето лице, туку направи една добро и длабински
хидрирана кожа која е чиста ,мека и мазна.
Во продолжение, едене по еден ќе ви
ги претставам овие производи, и на тој начин сметам дека ќе имате подобра
прегледност на моите впечатоци.
-
Зиаја
крема за лице- оваа крема доаѓа во сосема добро пластично пакување,
кое во себе содржи 50мл производ. Количината
е сосема доволна за користење и до 3 месеци. Оваа крема ја хидрира
кожата, ја прави мека и мазна.
И помага во ревитализирање, а мене особено ми
помогна во лекуавање на флеките кои ги
имав по моето лице како последица на
големиот број на акни кои
последно време ми се појавија.
Јас ја нанесувам во
мал слој, навечер после вечерната тоалета на лицето , и притоа со кружни
движења го масирам лицето додека целосно не се впие кремата.
Јас ја користам од
прилика 2 недели и до сега се покажа
како одличен производ.
Има доста пријатен мирис на маслина , и нешто погуста
текстура.
Она што сепак најмногу ми се допадна, е тоа што овие приизводи се
сосема природни,
во себе не содржат никакви вештачки бои,парабени итн.
Одлична природна козметика за сосема
солидна цена.
-
Околу
очна крема со маслина –исто како и предходната, и оваа крема е
со погуста текстура бидејки пред се е наменета за сува до нормална кожа.
Можам
да кажам дека ова е првата околуочна крема која сум ја користела ,
и ми се
допадна мазниот ефект на хидрирана кожа која останува после неа.
Оваа крема ја
ставам навечер но, не секојдневно бидејќи сметам дека сеуште немам потреба од
некакви силни препарати .
Навистина одличен производ.
-
Крема за
раце и нокти – ова е уште еден производ од оваа колекција , и за мене
последен. Можам да кажам дека ова е вистински спас за моите раце.
Со оглед на
тоа дека секојдневно користам силни средства за чистење на домот, а приота не
поднесувам ракавици, мојата кожа на рацете е доста сува и оштетена.
Но, оваа
крема ми помогна да само со еден танок слој, ја хидрирам и измазнам кожата на
рацете. Па така оваа кремастана мојата тајна на нежни и мазни раце.
Исто како и
предходните две, и оваа има пријатен мирис на маслина.
Она што е интересно за
мене, е тоа што освен како крема за раце, на овој производ јас му пронајдов
уште една намена, а тоа е длабинска хидратизација на кожата.
Тоа го правам на
тој начин што нанесувам доста дебел слој на оваа крема на рацете, масирам неколку
минути и потоа оставам таа да делува уште 15тина минути.
Потоа вишокот на крема
која не ја впила кожата, ја одстранувам
така што ги мијам рацете со сапун и млака вода. После овој третман, моите раце
се навистина како памук, неверојатн меки.
Се на се, извонредна колекција, многу ми се допаѓа и ја
имате мојата целосна препорака за оваа колекција.
Дали Вие имате испробано некој од овие
производи на Зиаја? Кои се Вашите впечатоци?
No comments:
Post a Comment