Friday, July 29, 2016

Look Of the Week !!

Здраво девојки, 
Дојде уште еден Петок и време е за Look of the week постот. Оваа недела сакам да Ви прикажам една летна комбинација за плажа. 
 Летните и шарени дезени на костими за капење, оваа сезона се тотален моден погодок.
Мојот избор ова лето, падна на шарен костим на кој доминира портокаловата и белата боја, а сето тоа секако мора да биде надополнето до удобни апостолки па затоа јас ги избрав проверено одличните Ипанема анатомик. 
Направете нешто поразлично ова лето, бидете уникани на плажа со тоа што ќе го надополните Вашиот аутфит со лесен летен фустан и впечатливи сандлки. За таа цел јас избрав, темно плав фустан со бели детали, и секоко Ипанема сандалки со интересен златен детал. 
И за мене , летниот одмор може да започне. 

Thursday, July 28, 2016

Lush Fresh HandMade Cosmetics - Sexy peel&Sea vegetables&Outback mate!!

Здраво девојки,
Lush Fresh HandMade Cosmetics е компанија која се занимава со изработка и продажба на природна козметика за нега на тело. Во нивниот асортиман може да пронајдете природни препарати за нега на Вашето тело, коса ,но исто така и природна декоративна козметика и парфеми. 
Во еден од моите предходни постови можевте да погледнете мини haul за производите на оваа компанија кои дојдоа во моја сопственос, постот може да го погледнете на овој линк ,  а денес сакам да Ви ги пренесам моите искуства од користењето на 3те природни сапуни за нега на тело и тоа Sexy peel, Sea vegetables и Outback mate.
И трите производи се природни препарат кои во себе содржат 40 - 60 % сапун, а во останатиот дел се вметнати природни состојки со што се подобрува негата на кожата при самото туширање. Па така, не само што ќе ја исчистите кожата, во исто време со овие сапуни ќе овозможите безпрекорна и природна нега на Вашетот тело. 
Иако ова се еден вид на поспецифични сапуни,пред се поради нивниот изглед, се користа како и секој друуг сапун. 
Овие сапуни доаѓаат во доста оригинално пакување што мене ми се допадна многу, мрсна хартија во која е замотан самиот производ, а на него се наоѓа налепница на која е напишано името на производот и неговите состојки. Секако ,овој тип на пакување дозволува да мирисот на производот се почуствува веднаш, а овие сапуни имаат феноменални мириси, сосема природни јаки и неодоливи. Кога имате некој од нив во бањата, таа  мириса феноменално па имате чуство како да се наоѓате на море. Но мора да споменам, дека нивниот изглед ме фасцинираше потполно. Преубав декоративен детал за секоја бања.
Ова се моите впечатоци и искуства:
Sexy peel сапунот всушност претставува мармелада на цитрусни овошја и е феноменален за утринско туширање, бидејќи ќе ги разбуди сите сетила во Вас. Има феноменален мирис на портокал и лимета што е моја омилена овошка и чиј мирис го обожавам, па така секое туширање со овој сапун за мене беше вистинсско уживање. Покрај тоа, овој сапун во себе содржи мали грутчиња кои прават нежен пилинг на кожата , па после користењето на овој производ таа е доста мека. 
Sea Vegetables - мојот прва асоцијација кога го видов овој сапун, беше морско дно. Навистина наликува како парче исечено морско дно кое може да го видите додека нуркате. Овој сапун е преполн со алги кои во себе содржат минерали кои пак овој производ го прават феноменален за нега на кожата во текот на летото. Алгите кои се наоѓаат тука ја негуваат кожата  и ја прават нежна , а лавандата ја смирува иритираната кожа склона кон акни. Овој производ за мене беше од огромна помош кај чистењето на мојата кожа од прекумерниот себум и акни кои ова лето се појавуваа на мојот грб. 
Outback Mate - и последен од овие 3 сапуни, но не  најмалку вреден, е овој outback mate сапунот кој во себе содржи еукалиптус и лимунова трева, па дава феноменален мирис кој се задржува со часови на кожата. Овој сапун има релаксирачко и смирувачко дејство, и една од најбитните карактеристики кои мене ми значеше многу, е тоа што овој сапун ја тонира кожата на телото, па така сите оние темни кругови или колорации кои настанале поради акни, повреди и сл. полека избледуваат, а помалите целосно се одстрануваат, барем  тоа беше моето искуство од користењето на овој производ. 

И тоа е се за овие производи. Дали Вие сте пробале некој производ од асортиманот на Lush Fresh HandMade Cosmetics?

Tuesday, July 26, 2016

July Favorite / Јулски Фаворити !!

 Здраво девојки,
Изминуваат последните денови од месцот, а тоа значи дека е време за моите месечни фаворити. Јас обожам да читам ваков тип на постови бидејќи на таков начин можам да прочитам искуства за одредени производи и со тоа градам една целосна слика за производите кои би сакала да ги купам, а исто така  уживам додека ги пишувам и споделувам моите лични искуства.
 Па да почнеме:
1. Нега на лице - кога станува збор за нега на кожата на лицето, овој месец како мои тотални фаворити ,можам да издвојам 4 проиводи. 
Како што добро знаете,мојата кожа е нормална до масна, а во летниот период е изразито масна поради топлото време. Затоа, овој месец сите производи кои ги користев беа токму наменети за решавање на дополнителниот себум и маснотијата на мојата кожа.
 Морам да признам дека во текот на месец Јули користев поголем број на производи ,бидејќи голем број од нив ги тестирав , но некако овие 4 се издвоија бидејќи целосно и потполно и одговараа на мојата кожа. Тоникот и кремата Лореал кои се наменете за масна кожа, секојдневно и даваа свежина на коѓата и ја ревитализираа. Стикот на Орифлејм ми помогна во борбата со акните,а маската за лице со минерали од Мртвото море на Балеа, ја смируваше мојата кожа и длабински ја чистеше.

2.Нега на коса- што се однесува до производите за коса, овој месец некоко се задржав на мал број производи кои се сигурни и проверени. Па така, шампонот на Нивеа ,како и секое лето, така и овој месец беше мојот избор и тотален фаворит. 
Поради хранливите состојки кои овој шампон ги содржи во себе, сонцето не ја оштетува мојата коса и таа не добива избледување на бојата. Исто така, овој месец го обожавав и балзамот за коса на Шаума поради неговиот пријатен мирис на портокал и ефектот на мекост кој го остава на косата. И конечно оовј месец одктив производ кој го реши мојот прблем со расчешлувањето на косата. 
Бидејќи јас имам долга коса ,но нејзиното влакно е многу тенко, таа ппостојано се аплеткува а особено после секое туширањее. па така, овој спреј не само што ми помага веднаш да ја расчешлам косата, туку ја исправува , и дава сјај и феноменален изглед. Моја целосна препорака за овој спреј на Глис. 
3. Шминка - овој месец, моите фаворити ,кога станува збор за шминка, се повеќебројни.Мојата вечерна шминка, овој месец беше изработена со помош на палетата на Катрис која има неутрални нијанси , одлична пигментација и феноменални бои. Сепак јас обожавав три од нив, означени на сликата подолу.
Кога станува збор за маскари, овој месец постојано на моите очи се наоѓаше маскарата на Yves Rocher ,чија функција е создавање на волумен. Маскарата е одлична, со многу добар апликатор и интензивно црна боја
А кога сме кај производите за усни, овој месец користев 4 производи кои ги комбинирав помеѓусебе и така создавав интересни комбинации.
4.Нокти - што се однесува до ноктите, некако се заситив од сите тие бои и лакови, па овој месец се одлучив за нежни летни нијанси ,а за таа цел ги избрав овие два лака на Мис спорти во нежно розе и светло-тиркизно плава боја.
5.Нега на тело - и за крај, кога станува збор за нега на телото, овој месец мој фаворит е гелот за туширање со гранули на компанијата Yves Rocher , кој во себе содржи малини ,но за него припремам посебна рецензија која ќе може да ја прочитате тука на мојот блог наскоро.
 И тоа е се за овој пост.Се надевам дека Ви се допаднаа моите месечни фаворити и дека овие мои искуства Ви помогнаа при изборот на некој од овие производи. 
До нареден пост, следете ме на facebook  и instagram . Поздрав

Monday, July 25, 2016

Summer make up / Лесна Летна ШМИНКА !



Здраво девојки,
Летниот период е време од годината кога на мојата кожа и е потребна целосна слобода, во смисла на шминката , па затоа мојата секојдневна рутина на шминкање се состои од сосема мал број на производи.
 Сепак, иако во овој летен период користам мал број на производи од декоративната козметика, со исклучок на шминката  која ја носам на различните прослави во овј период, успеав да направам make up look кој е доволно лесен за кожата , а од друга страна моето лице видливо е нашминкано. 
Па така, одлучив да ви ги пренесам моите искуства и производите кои јас ги користам на дневна база како би постигнала лесна летна шминка.

Ова се производите кои јас ги употребувам во мојата секојдневна рутина на шминкање:
-          Во овој летен период пудерот изостанува од мојата рутина, а наместо него се трудам секојденвно да ја негувам кожата со добра крема, да ја чистам со одличен гел и да ја тонирам со благ тоник. 
Па така, мојот тен е изедначен и непостои голема потреба од пудер.
 Недостатоците на лицето, односно во пределот под очите, средината на челото , средината на носот, брадата и мал дел на горната усна , ги прекривам со течен коректор кој е лесен и лесно се бленда. 
Улогата на овој коректор е да ги посветли тие делови на моето лице, и пред се да се стави акцент на моите очи. Јас го користам Ауриниот Correct ME  во број 302.

-          Следен производ кој го користам, е мешавина на бронзер и руменило. Со коса четка , земам мала количина на бронзер и мала количина на руменило заедно, и потоа нежно го нанесувам на пределот на кој ставам бронзер, со што добивам контури и природно руменило на тие делови.
 Секако , добро ги блендам овие производи каои би се стопиле со останатитот дел од лицето и како и се одстраниле оштрите премини и линии на лицето. Дуото на Флормар е мојот избор.

-          Незаменлив производ, барем во мојата рутина, е маскарата која ќе ги нагласи очите и че ги направи визуелно поголеми. 
Мој избор секогаш е маскара за волумен, бидејќи моите трепки природно се доста долги, а со додавање на волумен трепките се доста впечатливи и некако го надополнуваат целиот изглед.Во моментов ја користам 2000 калории на Мах фактор и сум презадоволна од ефектот на оваа маскара.

-          Кога сакам да направам повпечатлив изглед, користам беж светла сенка во внатрешниот агол на окото со што моите природно коси очи визуелно се издолжуваат и нагласуваат.
 За таа цел ја користам најсветлата нијанса на палетата со 4 бои на Авон Mocha Latte мислам дека беше името на палетата.Ја имам долго време и веќе е избришан нејзиниот назив, но јас ја обожавам бидејќи има одлична пигментација и квалитет.

-       -   И како последен производ  користам балзам за усни кој е безбоен . Ваквиот балзам ги нагласува моите усни , давајќи им природен сјај . Во моментов тоа го постигнувам со путерот за усни од кокос на Галафарм.

И тоа се сите производи кои јас ги користам како би постигнала лесна летна шминка. Мене ми се потребни 5 минути и веќе сум спремна.
Кој е Ваш омилен производ ова лето,кога станува збор за шминка? 

*насловната слика е  преземена од следниов линк

Friday, July 22, 2016

Look Of the Week #3

Здраво девојки, како и секој Петок, така и овој , за Вас припремив една модна комбинација која овој пат ја надополнив со 3 предлог идеи на лесни фризури кои може да ги направите сами. 

Модел на фустан кој ме воодушеви ова лето. Интересна и едноставна комбинација на лесни материјали и одличен летен стил . Комбинацијата на бои од која е изработен горниот дел, дава доза на елеганција и можност за надополнување на аутфитот со добри парчиња на накит. Извонреден модел кој може да го вклопите во дневна релаксирана или вецерна елегантна комбинација.
Со овие три туторијали направете, лесно и едноставно , одлична фризура која совршено ќе се вклопи со овој аутфит. 








*сите слики се преземени од интернет 
линкови :
http://www.prettydesigns.com/simple-hairstyle-tutorial/


Yves Rocher Natural Blush ..

Здраво девојки , 
Секојдневната и едноставна шминка, поради големите температури во овој летен период, за  мене е шминка која ја носев и во вечерните часови. 
Па така, имав потреба од лесни производи кои ќе ми помогнат да го постигнам тој природен изглед. 
Така, бев воодушевена од руменилото на Yves Rocher во број 10 кое е најприродното руменило кое сум го пробала. 
Овој производ доаѓа во пластично пакување од 7гр. што е одлична количина за ваков тип на производ. 
Самото руменило, лесно се нанесува и бленда на образите , неговата пигментација е средна што овозможува негово дозирање и надоградување.
 Јас се одлучив за бојата 10, нежно розева нијанса која на образите им дава сосема блага и природна боја. Она што сакам да го потенцирам, е тоа дека ова руменило ја истакнува својата пигментација многу повеќе доколку е нанесено на обрзаи кои предходно имаат пудер.
Нанесено самостално на образите ќе даде сосема блага боја ,скоро и неприметлива. 
Сепак, најдобар резултат за мене, ова руменило даде кога го нанесував со beauty blender на местата каде сакам да остане, а потоа го блендав со четка за руменило. Феноменален изглед. 
Одлично руменило, со сигурност купувам уште некоја нијанса на ова руменило.


Wednesday, July 20, 2016

Catrice Absolute NUDE EyeShadow Palette!



Здраво девојки,
Неутралните  кафеави нијанси на сенки за очи се едни од моите омилени. 
Овој тип на сенки се мојот избор кога станува збор за секојдневна шминка, вечерна гламурозна но дамска шминка, а особено се мој избор  кога имам малку време за средување.
 Па така, во мојата колекција на шминка се наоѓаат поголем број на неутрални палети со сенки , но оваа палета на Catrice – Absolute NUDE  мие некако посебно драга и последниов месец е мој избор кога имам потреба од гламурозна шминка. 
Палетата доаѓа во пластична паковка и во себе содржи 6 нијанси,од беж до темно  кафеава, и секоја од нив е преполна со шимер. 
Покрај нив, во оваа палета се наоѓа апликатор кој од едната страна има сунѓерче , а од другата мала четка која е идеална за нанесување на најсветлата нијанса во внатрешниот агол на окото.
Текстурата на овие сенки е добра, но многу подобро се нанесуваат со тапкање по очниот капак одколку со класично размачкување по него бидејќи се ронат.
 Лесно се блендаат и стопуваат една со друга, а нивната пигментација е средна што дава можност за надоградување.
 Исто така, во оваа палета има феноменален склоп на бои па може да созададете дневни и вечерни варијанти на шминка. 
Уште еден интересен факт за оваа палета, е тоа што на задната страна може да најдете туторијал за тоа како да ги користите сенките и како да постигнете „зачаден„ изглед со помош на овие 6 бои кои ви ги нуди Catrice  . За мене oва е феноменална палета и сигурно ќе се најде во моите фаворити за месец Јули.