Saturday, April 30, 2016

AURA Refresh ME Foundation !!!




Hey girls,
Welcome. Today I want to write you about the Aura Refresh Me foundation. This is a lighter foundation and ideal for everyday make up. The coverage of this foundation is middle, what makes this foundation very good for young skin or light make up if you like that kind of make up. The foundation has 5 different shades, from 200 to 204,  3 of them have yellow undertone and 2 have rose undertone. As I sad in the beginning , excellent foundation for light and everyday make up. 

Здраво девојки,
Како што Ви напоменав во мојт предходен пост, во наредните 4 поста ќе зборуваме за 3те пудери на Аура, Cover Me, Refresh Me и  Take Care of Me , а како последне пост ќе направием споредба помеѓу овие три.
 Во изминатиот пост зборувавме за течниот пудер Cover Me кој како што Ви напушав , ме воодушеви и ми помогна да направам многу добра вечерна шминка.
Денес ќе зборуваме за течниот пудер на Аура наречен Refresh ME. Ова е пудер со средна покривност кој е одличен за дневна варијанта бидејќи е доста лесен и нанесен на лицето ,не го чуствувате воопшто дека е тука.
 Како што пишува и на самото пакување, овој пудер се однесува како втора кожа на Вашето лице, па благо ги прекрива сите неправилности и одлично се стопува со Вашиот тен.
Пудерот доаѓа, исто така како и предходниот, во пластична туба од 30мл. на која има провиден дел каде може да ја погледнете нијансата на пудерот. 
Овој пудер доаѓа во 5 нијанси (од 200 до 204) кои главно имаат жолт подтон но, за разлика од Cover Me пудерот овие нијанси се нешто потемни.   
Јас ја користам најсветлата нијанса во моментов, и таа одлично делува на мојот тен кој е светол. 
Дoста добар пудер за дневна шминка како што напоменав, а може да се користи и за вечерна која сакате да биде лесна и ненагласена. 
Поради тоа овој пудер е одличен и за млади девојки и тинејџерки кои започнуваат да се шминкаат па немаат потреба од некои тешки пудери и јака шминка. 
Се надевам дека Ви се допадна оваа мала рецензија за овој пудер. Во наредниот пост очекувајте рецензија за Take Care of Me пудерот на Аура.

Friday, April 29, 2016

Aura Cover ME Foundation !!!


Hey girls,
Here is another amazing foundation for night make up. It’s the Aura Cover Me foundation. This foundation has full coverage, is very easy to apply and blend , and it will last on your face for hours. Also , this foundation is very good like eye shadow base.
The foundation came in a plastic packaging of 30ml that is very elegant and interesting. Very practical and easy to have in your bag. This foundation has 6 colors – from 101 to 106, and all of them have a yellow undertone.
Over all very good foundation for night make up , that will stay on your face for 5 or more hours. 
Здраво девојки,
Новите производи кај мене во последниов месец се доста честа  појава и секои од нив кој сметам дека е доволно добар го споделувам со Вас.
 Така дојдов до идеа да направам компарација помеѓу три пудери на компанијата Аура но, бидејќи моите впечатоци се малку поголеми и не би сакала да напишам само неколку реченици за секој од нив, решив првенствено да Ви го претставам секој пудер, а потоа ќе направам пост во кој ќе ги споредам овие три пудери.
 Но, да започнеме со постот.
Денес сакам да Ви го претставам течниот пудер Cover Me на комапнијата Аура.
Ова е пудер со потполна прекривност, пудер кој ќе ја покрие секоја неправилност на Вашето лице со само еден слој, пудер кој нема да ги истакне сувите делови и ќе ја контролира масната кожа. Ова е пудер кој е малку потежок и мислам дека е подобар пред се за јака и вечерна шминка но, може да се користи и во дневна  варијанта. Она што исто така е позитивно кај овој пудер е тоа што може да се надоградува без никаков проблем.
Пудерот доаѓа во елегантно и доста практично црно пакување на кое има прозирен дел каде може да ја погледнете нијансата на самиот пудер. Можеби едниствена мана на овој производ, е тоа што нема пумпица преку која би можела да се дозира количината на производ.Пудерот може да го најдете во 6 нијанси(од  101 до 106 ) , и кај него доминира жолтиот подтон.
Јас го користам кога сакам да креирам погламурозна шминка за вечерен изглед или некоја посебна прилика. Исто така, го користам и како база за сенки , и се покажа како обличен во таа намена.
Можам да кажам дека ова е еден од најдобрите пудери кои сум ги пробала до сега 

Tuesday, April 26, 2016

Unboxing !!! - Lush Fresh Handmade Cosmetics New In #3



Hey girls,
Welcome. Here is an unboxing post today. I have ordered some products from the Lush fresh handmade cosmetics that you can find in the City mall in Skopje, or you can ordered from their web site and they will sent the products to your home. 
All of this products are handmade and natural without paraben , parafin and colors.  I ordered a fruit shampoo , some soaps and a face and body scrub.
 I also get some free testers of another products. In the pictures down you can see the products, and my impressions about them you will be able to read in some future posts.

Здраво девојки ,
Веќе некое време немам направено ваковпост на мојот блог бидејќи се одлучив да ја намалам мојата залиха на производи но, од сега па натака ќе можете да читате почесто вакви постови. Се надевам дека ќе ви се допадне овој пост и моите новитети.
Овојпат, наидов на доста интересен бренд чии производи се потполно 
природни па нарачав неколку производи, а во пакетот кој ми пристигна на домашна адреса, имаше и доста тестери.
 Станува збор за Lush Fresh Handmade Cosmetics, производи кои може да ги најдете
 на штанд во трговскиот центар City mall во Скопје, а за сите нас кои не сме од Скопје оваа компанија нуди можност да се направи интернет порачка на нивните производи кои ќе пристигнат на Вашата домашна адреса.
Јас порачав неколку производи кои ме привлекоа поради својот состав и примена. Ова се производите кои ги порачав : 
1. I Love Juicy шампон за коса кој има феноменален мирис на тропско овошје.Наменет за длабинско чистење на коса склона кон мастење
2. Lush Fresh Farmasy сапун за лице и тело , наменет за чистење на кожа полна со акни
3. Sea vegetables- сапун на база на морска сол и морски алги кој е наенет за омекнување на кожата и нејзино длабинско чистење
4.Sexy Peel  сапун - цитрусен сапун кој е наменет за утринско туширање со кој ќе ги разбудите сите сетила и да останете свежи
5. Outback mate сапун- сапун со која ќе ја тонирате Вашата кожа
6.Ocean salt facial scrub - пилинг за тело и лице кој во себе содржи морска сол
И како поклон добив неколку тестери на различни производи од нивната колекција. 
Се надевам дека Ви се допаднаа овие производи, јас со нетрпение започнувам да ги користам, а за сите мои впечатоци ќе може да прочитате во некој од моите наредни постови.

Monday, April 25, 2016

Manhattan Powder Mat Make UP !


Hey girls,
Welcome to my blog. Today I want to present you an amazing foundation, the best that I have try until now. It’s the Manhattan powder mat foundation. This is a perfect foundation for oily skin. 
The coverage of this foundation is full, with just one cote it will cover all imperfections on the face. 
This is a very strong foundation so I don’t recommend it for everyday use, but for night makes up or for some special occasions, is the best because it’s going to say on your face for 10h.
 Also, I use it like eye shadow base, so my eye makeup last for 10h also. 
Over all excellent foundation for very good price and excellent texture that will make your face fabulous.

Здраво девојки,
Пред неколку дена , на мојот фејсбук профил ве прашав дали сакате да прочитате детална рецезија за течниот пудер на менхетен,  и бидејќи добив позитивен одговор решив веднаш да направам рецензија и да ви ги пренесам моите впечатоци од користењето на овој производ.
Веднаш на почеток морам да нагласам,ФЕНОМЕНАЛЕН пудер.
 Иако повеќето производи кои ги користам се мој избор и логично ми се допаѓаат, сепак можам да кажам дека ова е најдобриот пудер кој сум го пробала до сега, а еве и поради што :
-Самиот производ  доаѓа во едноставно пакување кое е одлично бидејќи може да го носите со себе во Вашата ташна и нема да Ви зазема многу место. Единственото нешто што може овој пудер би го направило попрактично , доколку ова пакување има пумпица со што може да ја дозирате потребната количина. 
-Одличен пудер за масна кожа, потполно мат и по неколку часа. Овој пудер на моето лице останува и по 10 часа беа никаква потреба за поправки притоа.
-Јака покривна моќ со само еден слој. Овој пудер ќе ја покрие секоја неправилност на Вашето лице веднаш. Она што е поразлично кај овој пудер од останатите мат кои сум ги пробала, е тоа што се суши и сетува многу брзо па потребно е да се нанесува брзо. 
Со самото тоа што е мат, доста е густ и неговото нанесување е нешто потешко.Затоа јас практикувам да го нанесувам на делови. 
-Го користам и како база за сенките, за што исто така е феноменален.
 На овој начин шминката на очите трае многу долго и притоа не се брише и не навлегува во линиите на окото.
- Пред да го користите овој пудер, Вашето лице треба да биде добро хидрирано и без никакви суви делови ,или мртва кожа бидејќи ги истакнува. Затоа , потребно е да вршите редовен пилинг на лицето доколку го користите овој пудер. 

Она што не ми се допадна кај овој пудер е тоа што е доста тежок и останува на рацете , тешко се вади па додека го нанеусвате неговата паковка се валка многу лесно и повеќе не  е така црна како кога сте ја купиле. 

Се на се, одличен мат пудер за вечерна шминка и шминка за посебни пригоди.