Wednesday, April 26, 2017

First Impresions!- Aura Absolute Shine lipglosses...


Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Денес со Вас , сакам да ги споделам моите први впечатоци од користењето на сјаевите за усни на Аура – Absolute Shine  во нијанси 510 и 501. 
Пред извесен период, тука на мојот блог можевте да причитате текст за новите пролетни трендови кога станува збор за шминка и козметика. 
Во тој текст споменав дека оваа пролет мат кармините се оставаат настрана , а во преден план повторно се сјаевите за усни и сјајните кармини.
Но, и покрај препораките на светските make up артисти, едноставно како да се презаситив од сите тие мат течни и обични кармини, и посакав поголема хидратизација и свеж сјајен изглед на усните.
 Па така, помеѓу останатите производи, се одлучив и за 2 сјаја за усни на брендот Аура.

Иако линијата Absolute shine е линија на сјаеви која на пазатор е поставена пред неколку години , сепак нејзините интересесни нијанси и супер квалитет се доста привлечни и прилагодливи на различните трендови.
Овојпат мојот избор падна на две нијанси, 510 нежно Nude неутрална нијанса со одлична пигментација и лесно прилагодлива па може да се носи самостално или над некој добар кармин или молив за усни . Покрај оваа 510, избрав уште една нијанса 501 која е светло праска боја која во себе содржи ситни златни  светулки кои на усните им даваат гламурозен изглед. За разлика од предходната нијанса, оваа е транспарентна односно нанесена на усните дава сосема блага боја и дискретно ги нагласува. Оваа нијанса  е одолична за дневна нежна варијанта или како надополнување на јака шминка на очите каде акцентот сакаме да остане на самите очи,а  усните треба да бидат нежни и иедноставни. 
Што се однесува до сама структура на овие сјаеви за усни на Аура, на прв поглед, таа е добра. Сјајевите се средно лепливи, имаат добра пигментација, лесно се нанесуваат поради апликаторот кој е со средна големина и траат и до 5 часа, барем тоа е моето искуство.
Се на се, мојот прв впечаток е одличен и со сигурност ќе ја надополнам мојата колекција со уште некоја нијанса.

No comments:

Post a Comment