Thursday, April 20, 2017

Doctor's Colagen Hair Shampoo & Regenerator!



Здраво девојки,
Денес за Вас припремив рецензија за шампонот и балзамот за коса на брендот Doctor’s. Овие два производи започнав да ги користам пред  15тина дена и сметам дека моето искуство и впечатоци се целосни , па денес сакам да ви ги пренесам преку оваа рецензија.
Сите оние што ги следат моите текстови и мојот блог, веќе добро знаат дека кога станува збор за нега на коса и лице, сакам да користам производи од иста линија како би ги добила во потполност бенефитите кои самата линија ги дава.
Па така, овојпат се одлучив за шампонот и балзамот за коса чија намена е создавање на волумен на косата, а тоа се медицинските препарати на брендот Doctor’s

И двата производи можат да се најдат во сите поголеми аптеки и маркети низ републиката.
Па да започнеме:
 - И двата производи доаѓаат во целосно транспарентни пакувања па може да се погледне внатрешноста на производот, која пак кај шампонот е прозирна а додека кај балзамот е млечно бела.
 На самото пакување  е назначено името на производот, составот, неговото дејство и начинот на користење. 

Што се донесува до самиот шампон, тој доаѓа во пластично транспарентно пакување од 300 мл. Производот е целосно транспарентен со пријатен мирис , а нанесен на мокра коса создава голема количина на пена. 
Самиот производ, покрај другите состојки, во себе содржи колаген, состојка која значително ја подобрува структурата на косата, ја храни и хидратизира не само косата туку и скалпот со што на влакното му дава подобра текстура и побрз раст.
 После двoнеделно користење на овој производ забележав посјајна и пожива коса,која има одличен волумен но само првиот ден одкако ќе ја имиете со него. Веќе следниот ден тој волумен значително е намален. 
Но сепак, тоа ми се случува со сите шампони бидејќи влакното на мојата коса е доста тенко. 

Регенераторот пак, од друга страна, е производ кој се троши доста поспоро бидејќи барем јас, употребувам многу помала количина од шампонот.
 Исто како и шампонот и тој доаѓа во провидна амбалажа со 300 мл. производ во себе. Миристо на овој балзам е сосема идентичен со оној на шампонот, благ и пријатен.  
 По користење на овој балзам,косата е мека и лесно расчешлива. 
Свиленкаста, видливо појака и посјајна.
 Одличен производ за навистина ниска цена.

И на крај можам да заклучам дека овие 2 производи во комбинација, се вистински погодок за мене и мојата слаба коса. По нивното користење косата е полна со волумен, сјај и живост. Единственото нешто што не ми се допаѓа е тоа што ваквиот ефект, веќе вториот ден се намалува а третиот ден од користењето на производите сосема исчезнува. 



No comments:

Post a Comment