Wednesday, March 1, 2017

New In#2 - Nivea, Avon,Oriflame,Labello...



From now on, you can also follow this blog in English version on this link



Одсега па натаму , може да го следите овој блог и во Англиска верзија тука.




Здраво девојки,
Како што можевте да прочитате и во насловот на овој пост, денес ќе ви ги прикажам моите новитети кои неодамна ги испразарив од неколку брендови како Орифлејм, Авон, Нивеа, Пантен итн. Ова се производите:

Па да започнеме:
Последниот каталог на Орифлејм беше одлична можност за мене да испазарам неколку работи кои сакав да ги испробам веќе некое време, а тоа беше така поради големиот број на попусти и поволности кои беа вклучени тука.
 Ова се производите кои ги испазарив:
Пред се нарачав сет за нега на лице во кој се најдоа гел за миење на лице од лубеница, скраб од кајсија и маска за лице од боровинки. Ова беше супер можност за мене бидејќи и трире производи доаѓаат во туба од 30мл. што е одлична големи доколку сакате да испробате некои нови производи.
 Покрај овој сет,исто така со испазарив и мојот омилен стик за мозолчиња од чајно дрво ,кој секогаш мора да се најде во моите залихи.
Покрај овие производи за нега, изпазарив и неколку производи од декоративната козметика. The One брендот на Орифлејм беше мојот избор за течна пудра со мат финиш,коректор и мат кармин. Иако ги немам испробано добро овие производи, сепак на прва рака можам да кажам дека пудрата и карминот се одлични и ми се допаднаа многу.
 Порачката ја завршив со еден мал балзам од рибизли. 


Следен на ред е брендот Авон, а ова се производите кои ги испзарив таму :
Незнам кога беше последниот пат кога направив порачка од овој бренд и некако посакав да испробам некои од новите производи на овој бренд.
 Последниов период повторно имам проблеми со акните и имав потреба од промена на моите досегашни производи за  нега на лице, затоа се одлучив за оваа линја ов краставица и зелен чај на Авон. Од неа ги купив 2во1 гел и тонер за лице, пилингот за лице и гел кремата. 
Покрај нив, испазарив 2 мат кармини кои можам да кажам дека се одлични и многу ми се допаднаа, посебно тоа што иако мат не ги сушат многу усните, и 2 сјаја за усни во прилично неутрални нијанси. 

Покрај овие каталошки порачки, во локален супермаркет испазарив и некои рандом производи,ако можам да ги наречам така, а еве кои се тие: 
Мојот омилен бренд кога станува збор за нега на коса Пантене,а овојпат се одлучив за шампон и базам за коса.
 Незнам дали некогаш ви се има случено Вам, но мене навистина ми здосадија геловите за туширање. Почуствував носталгија за кремаст сапун со кој би ја негувала мојата кожа , и така се одлучив за две варијанти на Нивеа сапуните. Новиот cream care сапун и сапунот со мед и масла кој првпат го забележам па сакам да го испробам. 
Покрај тоа, испазарив и два дезодоранси, мојот омилен на Гарниер,и еден на Нивеа, две лабела за усни од праска и лубеница и еден парфем од брендот Relax кој всушност е копија на некој познат парфем но, воопшто не сум задоволна од него.



И тоа е се за овој пост, се надевам дека ви се допадна мојот избор на производи. 
Ако е така, не заборавајте да ставите Like на мојата facebook страна , и секако  follow на овој блог.


No comments:

Post a Comment