Wednesday, March 15, 2017

Doctor’s Super medicine soap & Peeling soap & Cream soap





Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Пред извесен период, во некој од моите постови напоменав како мојата кожа е презаситена од користење на најразлични гелови за туширање  и како посакав тоа да го променам. Па така, решив одреден период, геовите за туширање да ги заменам со сапуни кои ги ги имале истите или слични карактеристики како геловите.
Па така, започнав да користам 3 сапуни од линијата на брендот Doctor’s и тоа super medicine soap, peeling soap и cream soap. И трите се целосно медицински производи. 


Doctor’s  super medicine soap- медицински сапун кој помага во лекување на воспалителни процеси на кожата, како што се акните. Поради своето антибактериско дејство, овој сапун и помага на кожата да остане темелно чиста и дезинфицирана. Со тоа се спречува појавата на акни, па поради тоа е идеален за употреба на лица со проблематична кожа склона кон акни.
 Производот доаѓа во заштитна транспарентна фолија, сместен во картонска кутија на која се назначени сите негови карактеристики.


Doctor’s peeling soap – ова беше еден од моите најголеми изненадуванја, ако можам да кажам така. Медицински сапун со кој може да се направи одличен пилинг на кожата , а притоа може да се користи секојдневно. Ова е доста нежен производ кој одлично ги одстранува мртвите клетки од површината  на кожата,а покрај тоа помага и во одстранување на митесерите. 

Doctor’s cream soap – ова е кремаст сапун кој во себе содржи глицерин, состојка која ја прави кожата мека и нежна. Погоден за честа употреба , а одличен за лица со осетлива кожа на рацете . Сапунот доаѓа во големина од 100гр.
За мене, ова е идеален производ за секојдневна хигиена на кожата на телото бидејќи е благ и кремаст, а кожата е нежна и еластична после неговата употреба.

 
 


No comments:

Post a Comment