Monday, January 30, 2017

Aura Cosmetics - Geisha Matte Lip Cream !!



Здраво девојки,
Како што неодамна можевте да видите на мојата фб страна, козметичката компанија Аура неодамна на пазарот лансираше нова линија на декоративна козметика наречена Гејша.
Во неа можат да се најдат неколку производи со кои може да постигнете женствен и сензуален изглед кој ќе ве направи заводлива жена токму како и гејшите.
Па денес, сакам да ви ги пренесам моите впечатоци од користењето на 2 производи од оваа колекција, а станува збор за течните мат кремасти кармини. 
Пред се,  морам да кажам дека бев воодушевена од боите на овие кармини  бидејќи се сосема женствени, темни нијанси какви што јас обожавам и најчесто носам.Па така, овие мат кармини беа идеални за мене и едноставно мораа да се најдат во мојата колекција.
Самите кармини доаѓаат во пластично транспарентно пакување па така може да ја погледнете и нијансата на самиот кармин. Во себе  карминот има и апликатор кој е добар и прецизен и сосема употреблив. 

Самата текстура на кармините е добра, нешто поретка од досегашните мат течни камини на Аура,но сепак со одлична пигментација. Еден слој на овој течен кармин е сосема доволен за добра прекривеност на усните.
Едниствената мана, ако можам да кажам така, е тоа што овие кармини нанесени на усните се сушат нешто подолго од останатите мат кармини кои јас сум ги пробала,односно потребни им се неколку минути за да го добијат оној целосно мат ефект на усните, но одкако ќе се исушат остануваат на усните со часови.
Уште една позитивна работа е тоа што овие мат кармини истовремено ги негуваат усните и не ги сушат како останатите мат течни кармини.
Јас ги имам во 2 нијанси, темно црвена и виолетова, одлични нијанси за вечерна варијанта или дневна смела шминка. 


1 comment:

  1. Многу добра нијанса, и јас ја обожавам. Цената на еден течен мат кармин е 290 денари.
    Текстурата е некако помека, поретка за разлика од предходните мат течни кармини, повеќе хидрираат но пигментацијата е исто така добра. На сликата погоре каде се прикажани нијансите, тоа е само еден слој на карминот. Ја сум задоволна и ми се допаѓаат.

    ReplyDelete