Wednesday, January 4, 2017

2016 Favorites !!! Фаворити за 2016 година!!!


Здраво девојки,
Нова година, нови сили и нови текстови на мојот блог.
За прв пат оваа 2017та, добродојдовте на мојот блог. А како најдобар начин да ја започнам оваа година кога станува збор за козметичките производи и овој блог, е да ви ги прикажам моите омилени производи за 2016год. , производи кои најмногу ги користев и производи кои се издвоиа по своите карактеристики.
Како што добро знаете , изминатата година низ страниците и постовите на овој блог можевте да прочитате голем број на рецензии и друг вид на постови во кои беа представени голем број на козметички производи но, сепак само некои од нив оставиа навистина силен впечаток на мене и во целост му одговараа на моето тело. Па да се подсетиме на нив: 

Производот во кој се заљубив изминатата година и го користам постојано, е регенераторот во спреј на Gliss. Овој производ  направи дефинитивно да исчезне мојот проблем со заплеткување на косата но, покрај тоа овој спреј и ја врати живоста на мојата коса и безпрекорниот сјај. 


Кога станува збор за нега на тело, оваа година за мене се издвоија 2 производи и тоа: Зиаја путерот за тело од портокал кој има феноменален мирис и одлична текстура, како и млекото за тело на Yves Rocher од малина кое е доста лесно но доста хидрантно во исто време. 

Уште еден производ за коса кој ме изненади и воодушеви изминатата година, е шампонот на Балеа кој судејќи по цената сметав дека е некој просечен производ и купувајќи го немав големи очекувања. Но, кога го пробав едноставно неможев да се начудам на ефектот кој овој шампон го остава на коста. После него таа едноставно е феноменална.

И на крај, кога станува збор за декоративната козметика, изминатата година најголем впечаток на мене оставија 2 производи и тоа: Аура бронзерот за лице кој дава одличен природен изглед на контурите и лесно е прилагодлив и во летниот и во зимскиот период, и Малена течниот кармин за усни кој е дефинитивно моето откритие на годината. 


Се надевам дека ви се допаднаа производите кои јас ги издвоив како фаворити за изминатата година. 
Кои беа Вашите фаворити за 2016 година?

No comments:

Post a Comment