Monday, May 30, 2016

Ziaja Natural Olive Hand Cream VS. Ziaja Coconut Hand Cream


Здраво девојки,
Денес , за Вас , спремив еден текст во кој сакам да ви прикажам 2 производи на компанијата Зиаја, односно две креми за раце кои се неопходен козметички производ во овој период од годината.
Станува збор за кремите за раце на Зиаја од маслина и кремата од кокос.
Она што можам да го кажам генерално и за двете , е тоа дека имаат интересна амбалажа која е доста практична. Притоа никогаш кремате не се разлева по нејзиниот капак како што е случај со оние креми кои се наоѓаат во туба. 
Овие производи се едни од ретките, ако не и единствени на пазарот, кои имаат сосема природен и вистински мирис ,особено кремата од кокос.
 Секогаш кога оваа крема ја имав на моите раце, каде и да појдев сите ме прашуваа кој е тој преубав парфем кој го имам на себе, а всушност тоа беше крема за раце. 
Сепак, овие два производи имаат сосема различна намена па така одлични се за она за што се наменети. 
Кремата од маслинки, е производ наменет за сува кожа, и одлично се справува со сувата и дехидрирана кожа. Со негова редовна и секојдневна уотреба, сувата и груба кожа н арацете, станува мека и нежна и притоа не е масна. 
Онаа карактеристика што е една од моите фаворити , е тоа што овие креми се впиваат многу брзо и не оставаат масен слој на рацете со кој го флекате мебелот по дома и Вашите алишта. Исто така оваа крема, е одлична и за Вашите нокти. 
Маслината ги храни и негува , па така тие се поцврсти ,поздрави и не пукаат. За мене ова е една од најдобрите креми што сум ги пробала, ја користам во моментов, а после еден месец секојдневно користење ,кремата е до пола потрошена што е извонредно и за Вашиот џеб. 
Оваа крема ми ја дава сета потребна нега за моите раце.

Кремата од кокос , е крема со нешто поретка текстура од онаа на кремата со мослини.
 Ова е едноставно лесен производ кој ќе ги освежи и разлади Вашите раце кога ќе го нанесете на  нив. Лесно се впива во кожата и ја храни ,па така по користењето на оваа крема кожата на рацете е совршено мазна. 
Како што напоменав погоре, оваа крема е козметички производ со најдобар мирис н акокос кој сум го користела, а она што е феноменално е тоа што таквиот мирис се задржува со часови на рацете, па дури и по нивното миење со сапун.
 Навистина одличен производ за секојдневна нега, практичен за нанесувањ ена работно место, школо или факултет, поради неговата формула која прави да оваа крема се впие во вашите раце за 1-2 мин.
 Исто така оваа крема е доста погодна и за лица кои постојано користат некои детергенти  и различни хемиски средства, бидејќи ја штити, измазнува ,ревитализира и затегнува  кожата оштетена од таквите препарати.
Тоа се моите впечатоци за овие два производи на Зиаја, се надевам дека Ви се допадна овој мој текст. Дали сте пробале некоја од  кремите за раце на Зиаја?

Wednesday, May 18, 2016

Review > Ziaja Cocoa Butter Body Lotion !!!



Здраво девојки,
Денес сакам да Ве запознаам со уште еден природен производ кој неодамна дојде во мое власништво , а станува збор за лосионот за тело од какао на компанијата Зиаја.
Самиот производ доаѓа во доста едноставно ,но елегантоно бело пакување од 400мл. На кое се наоѓа пумпица со која лесно и едноставно може да го дозирате производот и оличината која ви е потребна. 
Самиот производ има доста мазна и лесна текстура, па иако на него пишува дека ова е путер од какао во вид на лосион, воопшто не е тежок за кожата и лесно се размачкува и впива.
 Има доста пријатен мирис,па неговото нанесување на телото, за мене представуваше момент на целосна релаксација на сите мои сетила. 
Исто така, овој производ ка хидратизира кожата со што таа ја добива потребната влага, ја негува на еден едноставен и лесен начин, правејќи ја еластична и мазна.
 Покрај тоа, овој лосион и помага на кожата да се регенерира и да ја задржи влагата во себе повеќе време. Пo нанесување на овој лосион, мирисот кој тој го остава на кожата, останува тука и по неколку дена.  
За мене ова е извонреден и лесен производ за овие пролетни денови кога ја припремам кожата за јакото сонце кое следи во летните денова, а притоа уживам користејќи го поради неговата лесна структура и извонреден мирис.
Моја тотална препорака за овој производ.

Tuesday, May 17, 2016

Eveline Cosmetics ...



Здраво девојки,
Eveline cosmetics е компанија за која јас неодамна дознав, преку нивниот најпродаван производ ако не се лажам, а тоа е третманот за нокти 8во1. Овојпат, сакам да ја испробам декоративната козметика на оваа компанија, бдејќи од препаративната сум презадоволна.
 Денес, сакам да Ви претставам три проиводи и тоа маскара за волумен од која сум презадоволна, палета со сенки која исто така ја обожавам,и течен пудер кој има извонредна текстура но, јас ја промаршив бојата па овој во моментов за мене е доста темен.
Big Volume Explosion mascara- ова е една од најдобрите маскари кои сум ги испробала до сега, а прва маскара со гумена четка која јас можам да ја користам. 
Гумените четки обично ги слепуваат моите трепки и ги прават безживотни но, оваа четкичка има сосема идентичен изглед на оние со влакно, а е изработена од силикон. 
Со оваа четка, лесно и едноставно може да направите одлични трепки полни со волумен кои ќе го истакнат окото .
 Иако четкичката е дебела, многу лесно и едноставно маскарата може  да се нанесе и на долните трепки. Самата маскара, има добра текстура, не се  пресликува и има многу пријатен мирис.
 Навистина феноменален производ.Оваа маскара ме воодушеви.
Cover sensation foundation- ова е течен пудер кој дава целосна покриеност со само еден слој. Текстурата му е доста кремаста и свиленкаста што го прави многу пријатен за самата кожа.
 Кога ќе го нанесете на лицето, дава чуство на влажност но, по неколку минути се суши и останува така цел ден.  Секако, ова е пудер кој е одличен за вечерна шминка. 

Quattro eyeshaadow –оваа палета на сенки во себе содржи 4 сенки кои на себе имаат обележан број , па според туторијалот кој се наоѓа на самото пакување, може д аизработите интересна шминка. 
Сепак, овие сенки се доста нежни, лесно се нанесуваат и воопшто не се трусат. 
Имаат одлична пигментација и долготрајност. 
Вo себе содржат благ седеф што дава гламурозен изглед на окото. Мојата палета е во број  01, и е одлична бидејќи можам да ја искористам и за нежен дневен но, и за гламурозен вечерен изглен.
 Мене посебно ми се доадна плавата нијанса која нанесена на надворешниот агол н аокото дава сосема поинаков и доста гламурозен изглед.
 Браво за Евелин за оваа палета.
Тоа се производите кои сакав да ги споделам со вас и моте впечатоци од нив. Секако , во иднина очекувајте подетални рецензии и туторијали со овие производи.

Дали Вие имаte пробано некој од овие производи?