Monday, June 6, 2016

Галафарм Стик против главоболки / Galafarm Headgal stick



Здраво девојки,
Испробуваќи голем број на производиза различна намена, наидов на еден доста интересен и делотворен производ на компанијата Галафарм, кој можевте да го видите во мојот пост на новитети од оваа компанија.
Станува збор за стик наречен Headgal, налик на лабело за усни, која всушност е стик наменет за ублажување н аглавоболките. Ова е тотална иновација, новитет и нешто што барем јас, не сум го сретнала во сличен облик. Самиот производ има извонредно пријатен мирис на еукалиптус, но доста јак,  што прави да се опуштат сите Ваши сетила. Стикот се аплицира во тенок слој на местото на кое имате главоболка, и веќе по неколку секунди почнувате да чуствувате ладење на тоа место кое се засилува, а самата главоболка ве напушта. Ова нема да направи големите главоболки да исчезнат веднаш,но ќе ги ублажат, а оние помалите ќе ги одстранат и ќе го опуштат Вашето тело. Секако вреди да се проба вакво нешто, бидејќи сите добро знаеме колку се штетни таблетите кои постојано ги употребуваме. Тоа е тоа за овој пост, се надевам дека ќе Ви се допадне и ќе го испробате и Вие овој природен и интересен производ против главоболка. 
 

No comments:

Post a Comment