Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Денес со Вас , сакам да ги споделам моите први впечатоци
од користењето на сјаевите за усни на Аура – Absolute Shine во нијанси 510 и 501.
Пред извесен период, тука на мојот блог можевте да
причитате текст за новите пролетни трендови кога станува збор за шминка и
козметика.
Во тој текст споменав дека оваа пролет мат кармините се оставаат
настрана , а во преден план повторно се сјаевите за усни и сјајните кармини.
Но, и покрај препораките на светските make up артисти,
едноставно како да се презаситив од сите тие мат течни и обични кармини, и
посакав поголема хидратизација и свеж сјајен изглед на усните.
Па така, помеѓу
останатите производи, се одлучив и за 2 сјаја за усни на брендот Аура.
Иако линијата Absolute shine е линија на сјаеви која на пазатор е
поставена пред неколку години , сепак нејзините интересесни нијанси и супер
квалитет се доста привлечни и прилагодливи на различните трендови.
Овојпат мојот избор падна на две нијанси, 510 нежно Nude неутрална
нијанса со одлична пигментација и лесно прилагодлива па може да се носи
самостално или над некој добар кармин или молив за усни . Покрај оваа 510,
избрав уште една нијанса 501 која е светло праска боја која во себе содржи
ситни златни светулки кои на усните им
даваат гламурозен изглед. За разлика од предходната нијанса, оваа е
транспарентна односно нанесена на усните дава сосема блага боја и дискретно ги
нагласува. Оваа нијанса е одолична за дневна
нежна варијанта или како надополнување на јака шминка на очите каде акцентот
сакаме да остане на самите очи,а усните
треба да бидат нежни и иедноставни.
Што се однесува до сама структура на овие сјаеви за усни
на Аура, на прв поглед, таа е добра. Сјајевите се средно лепливи, имаат добра
пигментација, лесно се нанесуваат поради апликаторот кој е со средна големина и
траат и до 5 часа, барем тоа е моето искуство.
Се на се, мојот прв впечаток е одличен и со сигурност ќе
ја надополнам мојата колекција со уште некоја нијанса.