Tuesday, February 21, 2017

New In # 1



Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог! 
Измина доста време од мојот последен haulпост тука, па со почетокот на новата година време е тоа да се промени. Така, неодамна наидов на брендот Doctor’s и сакав да испробам некои производи од нивниот асортиман кои за мене беа занимливи. Па денес, ви ги представувам токму тие во мојот прв New in пост за оваа година.
За сите оние кои не се запознаети со овој бренд, Doctor’s е компанија која на пазарот нуди медицински производи за нега на целото тело.
Покрај тоа, во нивниот асортиман може да најдете и најразлични медицински препарати како сирупи, потоа чаеви, кафе итн.
Со самото разгледување на нивната интернет страна , се изненадив од количината на различни производи кои моѓе да ги најдете во нивниот асортиман, но и од навистина пристапните цени.
Бидејќи јас одлучив да испробам поголем број на производи, ги контактирав луќето на Doctor’s Македонија,а тие беа толку љубезни и производите ми ги доставија на домашна адреса,па така успеав сосема лесно да стигнам до сите производи од нивниот асортиман за кои се одлучив.
 А што испазарив, ќе може да погледнете во продолжение. 
Во овој пакет се најдоа најразлични препарати како шампони,креми за лице, регенератори и маски за коса, балзами за усни, сапуни, производи за нега на заби, производи за нега на лице итн. Во некои од моите наредни текстови ќе може да прочитате подетални информации околу истите.А до тогаш, напишете ми во коментарите подолу доколку сте испробале некој од овие производи како и Вашите впечатоци за истите.

No comments:

Post a Comment