Friday, February 26, 2016

Empty # 1



Hey girls,
I haven’t done empty post for a while, so here is a big one. The first thing that I have in every empty post, are the Becutan wipes .I adore this wipes because they are so soft and they have perfect fragrance for me. I also used up the Bioten ones , but I didn’t like them.
Здраво девојки,
Веќе подолго време немам направено пост за моите потрошени производи, па затоа овој ќе биде преполн со празни амбалажи. Првата работа ,која досега можевте да ја видите во секој мој ваков пост, се Бекутан влажните марамчиња.Ги обожавам и постојано ги користам.Ги користам за вадење на мојата шминка навечер кога немам време за целосно чистење на лицето, ги користам за моите раце, за чистење на масичката каде се шминкам итн. Покрај нив ги искористив и марамчињата на Биотен кој не ми се допаднаа исто како и овие тупфери за лице.  



I also used up the Syoss, Pantene and Balea shampoo. From this 3 I really like the Pantene and thi is a shampoo that fits my hair perfectly. The Balea shampoo I didn’t like because when I wash my hair whit it, y hair hasn’t volume.
Исто така ,овој период потрошив и 3 шампони, Syoss, Pantene и Balea. Сепак шампонот на Пантене  е онај кој најмногу ми се допадна бидејќи кога го користам мојата коса е полна со волумен, проблемите со опаѓање прекинуваат и неверојатно се згуснува. Но, оној на Балеа не ми се допадна бидејќи ја сушеше мојата коса и таа беше безживотна со никаков волумен. 

In this bag I also put the Intesa hair spray ,Frutini shower gel that was very interesting , and 2 deo sprays. My favorite Garnier, one from Balea that I like to try but I didn’t like it at all in the and. And here is also the best roll on for me, Nivea calm&care
 Во оваа корпа се најдоа и Интеса лакот за коса, Фрутини гелот за туширање со мирис на круша.Одличен мирис и извонредна нега.Право уживање под тушот. Исто така потрошив и два дезодоранси, мојот омилен дезодоранс на Гарниер, и еден на Балеа кој не ми деопадна бидејќи остава бели траги, бел пудераст прав кој потоа се разнесува насекаде, а што се однесува до мирисот е фантастичен. И уште едне дезодоранс но во рол он, Нивеа мојот омилен роло он бидејќи е многу нежен кон кожата , ја смирува доколку е иритирана и има многу пријатен цвеж мирис.

I also used up 2 perfumes, The Blue Sedaction by Antoniot Banderas,my apsolute favorite perfume that I use all the time, and the one from Cristina Aguilera. There is also the Aura mono eye shadow and Impala black eye liner
Тука се и два парфеми.Првиот, мојот омилен парфем кој го користам постојано The Blue Sedaction by Antoniot Banderas, а другиот парфем од Кристина Агилера на чие име неможам да се сетам. Исто така ја потрошив моно сенката на Аура во светло розова боја која ја користев за посветлување на аголот на окото, и импала црно моливче за очи.

Here you can see some products that are full or half full,but I have to throw them away because date of use has expired.
Тука се и неколку производи целосно полни или напола полни,  кои морам да ги фрлам бидејќи им истече рокот на користење.
 И тоа е се за овој пост и моите потрошени производи.Се надевам дека Ви се допадна, а до наредниот пост посетете ги останатите содржини на мојот блог и читајте ги моите нови содржини на порталот Дама.мк на овој ЛИНК

No comments:

Post a Comment