Thursday, September 1, 2016

August Favorite !!


Здраво девојки,
Август измина, а тоа значи дека веќе е време за моите месечни фаворити. Изминатиов месец декоративната козметика беше доста актуелна кај мене, а особено темните нијанси на кармини, кои ми се омилени и мислам дека најдобро ми одговараат. 
Па, да започнеме:
1. Нега на лице - Кога станува збор за негата на моето лице овој месец таа главно беше насочена кон отстранување на прекумерниот себум, а тоа го постигнав со колекцијата Sebo Vegetal на Yves Rocher. Маската за лице на овој бренд ми се допадна најмногу, па затоа одлучив во овие фаворити да ја вметнам токму неа. Извонреден производ кој многу добро ја чисти кожата и го отстранува целиот прекумерно создаден себум.
 Покрај оваа колекција мојата секојдневна нега започнуваше со гелот за миење лице на Гарниер, кој има улога во отстранување на акните, нивно лекување и спречување на нови.
 Исто така, овој гел ги отстранува и митесерите. Јас сум сосема задоволна, иако е малку поагресивен.
 И како последен производ, кој овој месец беше мој фаворит, а се однесува на нега на лице, е базата за шминка на Нивеа, која јас ја користев и самостојно како крема.
 Одличен производ кој многу добро ја хидрира кожата преку целиот ден.  
2. Нега на коса - Кога станува збор за нега на коса овој месец мојата нега се состоеше од истите производи како и во Јули. 
Но сепак, повторно сакам да го напоменам спрејот на Глис, кој ова лето за мене беше вистински спас и одлична заштита од јаките сончеви зраци. 
3.Шминка - Токму така, сите овие производи од декоративната козметика се мои фаворити овој месец. Ги има повеќе бидејќи Август за мене е месец на прослави и месец во кој секојдневно користам шминка.  
Овој месец, поради зголеменото мастење на моето лице, морав да користам пудра кој ќе ја матира мојата кожа и која ќе ги задржи сите тие производи на свое место. Но, бидејќи најчесто таквите производи се доста тешки, сакав да испробам некоја пудра која нема да и штети на мојата кожа и која нема да биде толку тешка. 
И тоа го пронајдов во оваа мат течна пудра на Yves Rocher. Повеќе детали за оваа пудра ќе може да прочитате деновиве во посебна рецензија, бидејќи оваа пудра го заслужи тоа. 
Покрај неа, како база за сенки, го користев коректорот на Аура и во таа цел се покажа многу добар. Сенките беа на место и по 5 часовно носење.
 Исто така, брендот на Аура беше задолжен и за руменилото овој месец, па мој фаворит е ова преубаво, но доста јако руменило во број 211 Vintage peach. 
 Golden Rose и нивната пудра во стик беа овој месец задолжени за контурите, и одлично се покажаа во тоа. Оваа кремаста пудра во стик лесно се нанесува, поради нејзиниот облик одлично се прилагодува на кожата и исто така и дава природен изглед на контурите направени со неа. 
Овој месец како фаворити се издвоија и 2 маскари. The One маскарата на Oriflame ми помогна моите трепки да изгледаат подолги секогаш кога имав потреба од тоа, а Yves Rocher и нивната Volume Elixir маскара во кафеава боја го направија интересен и различен секој мој изглед, кога оваа маскара беше на моите трепки.

Како што напоменав на почетокот, овој месец темните кармини го обележија секој мој make-up look и секоја гламурозна шминка. Јас имам светол тен, па така темните бои на кармини одлично одговараат на моето лице бидејќи ги истакнуваат усните. Но, како целосни фаворити се издвоија 2 темни и 2 неутрални кармини. 
Ова се тие: 

4.Нокти - Секогаш, кога имам целосна шминка, сакам и моите нокти да се свежо налакирани.
Па така овој месец се грижев нешто повеќе за нив. Нивната нега главно се состоеше во масажа со маслиновото масло на Галафарм, кое ми помогна да ги зајакнам.
 Покрај него, овој месец често сакав да изработувам омбре маникир на моите нокти, а тоа го правев со помош на овој надлак на Catrice. Исто така, најчесто беа носени и овие 2 лака за нокти на Maybelline .
5. Нега на тело - И за крај на овие месечни фаворити, сакам да ви прикажам два производи кои овој месец беа мои омилени и најкористени. Првиот производ е мој фаворит повеќе поради идеата за лосион во спреј. Ова е најпрактичниот лосион за тело, кој јас го поседувам и навистина браво за Балеа. Но, самиот производ како производ е ок, ништо спектакуларно. 
Од друга страна, лосионот за тело на Yves Rocher има не толку практичен начин за истиснување на производот од амбалажата, но затоа ова е феноменален лосион, кој ќе ја направи кожата на вашето тело мека како свила и миризлива и по неколку дена. Дефинитивно најдобриот лосион за тело кој сум го пробала. 

И тоа беше се за овие фаворити. Се потрудив да го скратам текстот најмногу што можев, како не би читале доста долго, но едноставно морав да ви ги прикажам сите овие производи.
 Дали некој од овие производи е и ваш фаворит?






2 comments:

  1. Karmini su wow. :)
    Obozavam gliss kur prskalice, vrlo su efikasne :)

    frauleind.blogspot.rs

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ti blagodaram. Jas odkako gi otkriv ovie prskalki bukvalno nemozam bez niv.

      Delete