Monday, September 19, 2016

Autumn 2016 - Make up Trends ...

Здраво девојки,
Колку и да сакаме летот да остане сеуште, барем јас би сакала , сепак есента полака пристигнува, а со неа и новите светски трендови.
Така, денес сакам да Ви ги претставам есенските трендови кога станува збор за шминка.Овој текст, можете да го погледенте и на сајтот My Gala Life во склоп на мојата рубрика таму Викенд "beauty" со Марија на овој линк .
Оваа есен темните нијанси на кармини за усни дефинитивно се ин , а особено бордо нијансата со која ќе ги истакнете Вашите усни и ќе постигнете женствен и сензуален изглед.
Оваа есен  се ќе се „врти“ околу поместувањето на границите и изнаоѓањето на нови начини на нанесување и комбинирање на црното моливче и глитерот.
-Драматичиот изглед на очи постигнат со црно моливче кое е нанесено во дебела линија на долниот капак на очите дефинитивно е еден од трендовите оваа есен. Направете го тоа онака како што Вам најмногу ви одговара, во дебелина и интензизтет но не заборавајте да го изблендате за да го постигнете тој драматичен изглед.
-Темните нијанси на усни се лседниот тренд кој оваа есен ќе биде ин. Темно виолетова, борда па дури и црна боја на усни е идеален избор за оваа есен доколку сакате да изгледате модерно и тренди. Изберете ја онаа боја на кармин за која сметате дека најдбро ви стои ,но не заборавајте да одберете најтемната нијанса. И секако, сјајните кармини оваа есен се вратија на голема врата. Погрижете се Вашите усни да бидат сјајни и хидрирани.
- Уште едне тренд оваа есен се светките во облик на сенки за очи. Но, нанесени во сосема софистициран и интересен начин кој ќе ја истакне убавината на Вашите очи
-Секогаш кога избираме производи за шминкање во праскасти нијанси, тоа го правиме на пролет и лето .Но оваа есен, шминкерите воведоа нов тренд и покажаа како овие нијанси на праска можат одлично да се вклопат во есенска шминка
- Јаката црвена боја на кармин е специфична но и драматична. Па токму затоа, оваа есен ,усните во оваа боја се целосен погодок. Направете дневна варијанта на шминка каде на усните ќе нанесете јака црвена боја  и тоа нека го има фокусот на Вашето лице. На очите нанесете тенок слој на маскара.

No comments:

Post a Comment