Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Денес за Вас припремив рецензија за производот кој
неодамна се најде во мојата колекција, а станува збор за гелот за миење лице со
чајно дрво и краставица од Авон.
Неодамна ,тука можевте да прочитате пост за моите
новитети (може да го погледнете на овој линк) во кои се најде и овој производ
на Авон, па денес сакам да Ви ги пренесам моите впечатоци од неговото
користење.
Да започнеме со неговата амбалажа.
Пластична,елегантна
,светло зелена туба на која е назначено името и состојките на самиот производ.
Доста интересно и примамливо пакување,кое мене лично ме потсетува на производ
кој дава свежина и длабинска чистота.
Како што е назначено и на самото пакување,ова е нешто
поразличен гел за миење на лице од сите кои досега сум ги испробала,а различен
го прави тоа што всушност овај гел е 2во1 гел и тоник за лице. Ова е прв
производ од ваков тип кој сум го сретнала на пазарот , па затоа одлучив и да го
испробам. Водена од фактот што една од неговите состојки чајното дрво одлично ми помага во борбата со акните,
сметав дека ова ќе биде одличен гел за комбинирана и масна кожа склона кон акни. И не погрешив. Па така овој производ
одлично ја чисти кожата и го одстранува непотребниот и прекумерен себум.
Самиот производ има гелста структура но не премногу
густа, сосема провидна со мала зеленкаста нијанса.
Нанесен на лицето прави
блага пена и тоа во зависност од количината на производ кој ќе го нанесете.
Колку повеќе производ нанесувате, толку повеќе пена ќе создаде. Но, за мене не
е битно дали производот создава пена или не .
Она што мене мие битно е самиот
производ да ја врши функцијата која е наведена на неговото пакување и за која
всушност и сум го купила.
Покрај текстурата, овој производ има и доста интензивен и
некако чуден мирис на краставица ,или подобро кажано на кора од краставица
. Ова
е едниствениот факт што ми смета кај овој производ,бидејќи јас не сакам
производи за нега на лице кои имаат интензивен мирис. Но сепак, тој мирис
исчезува после еден час, час и половина, а и тоа што самиот производ одлично ја
чисти кожата прави да го занемарам тој немил факт за мене.
Што се однесува до сама функција која ја врши овој
производ, гелот е феноменален во секој поглед.
Иако наменет за масна кожа, овој
гел е сосема нежен, нежно ја чисти и веднаш ја одстранува сета нечистотија од
самата кожа.
Покрај тоа, по неговото користење, кожата е неверојатно мека и
нежна,а тенот е изедначен.
Па така, сите оние флеки и црвенила од акни се неутрализираат.
Се на се, одличен производ кој многу добро си ја врши
својата функција.
Едниствена моја замерка кон него е мирисот кој е доста јак.
Кога овој производ би имал мирис на праска или лаванда можеби, за мене би бил
феноменален во секој поглед.