Здраво девојки,
Денес со Вас, сакам да ги споделам моите искуства од
користењето на 2 производи за очи на компанијата Малена, а станува збор за
Precision liner односно туш за очи во вид на фломастер и Micromatic Eyeliner
моливче за очи кое е толку тенко и прецизно што делува потполно исто како и ајлајнерот.
Malena
Precision liner – Ова е еден од најпрактичните тушеви за очи кои сум ги
испробала.
Иако морам да признаам, не сум многу вешта со овие производи , сепак
со овој успевам да направам сосема добра линија на горниот очен капак.
Самиот производ доаѓа во елегантно црно пакување кое
содржи гумен дел во кој го држите, па така не се лизга и е стабел во Вашите
раце.
Производот има доста тенок и зашилен врв ,изработен од цврст материјал па
така нема да се сплеска или превитка, туку прецизно и лесно ќе направите линија
на очниот капак онака како што сте ја замислиле.
Овој туш има интензивно црна боја која е долготрајна.
Притоа , не се вовлекува во линиите н аокото и не се размачкува додека го
носите.
Malena Micromatic Eyeliner – ова е еден од
најгламурозните , ако можам да кажам така, производи за очи кои ги поседувам.
Секако тоа го зборувам поради неговото пакување кое е елегантно , црно и тенко,
но и поради самиот производ кој всушност е механички молив тенко и прецизно
изработен да овозможува да направите сосема прецизна линија на окото.
Овој производ има одлична пигментација, но за разлика од
предходниот, не трае толку.
Она што посебно ми се допаѓа кај овој молив е тоа
што е механички,па секогаш е добро зашилен и потполно еднакво и прецизно може
да ја нанесете линијата на очните капаци.
Одлични производи за секојдневна употреба,и по квалитет и
по цена.
Нивната цена изнесува околу 100денари за секој.