Tuesday, October 25, 2016

Max Factor Masterpiece Eye shadow palette!!


Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.   
Пред извесен период бев во потрага по практична мала палета со сенки во која ќе се вклопат бои со кои ќе можам да направам и дневна и вечерна шминка, палета со сенки која ќе можам без никаков проблем и размислување да ја земам со себе во мојата не толку голема ташна. 
И тоа го најдов во палета на Мах фактор наречена Masterpiece Nude palette
За мене оваа палета стана фаворит изминативе 2 недели откако ја користам, првенствено поради склопот на бои во неутрални розевкасто- виолетови тонови.
 Затоа, денес сакам со Вас да ги споделам моите впечатоци од оваа палета на Мах фактор. 

Пред се би започнала со самиот бренд. Верувам дека не постои девојка која не го пробала овој бренд на декоративна козметика,и која не е сопственичка н абарем еден производ од Мах фактор.
 Ова е феноменален бренд кој има одличен квалитет и пристапни цени.
 Затоа, најчесто кога несум сигурна при изборот на некој нов производ, секогаш го бирам од штандот на Мах фактор. 

Што се однесува до самата палета, таа има преслатко златно пакување на кое предниот дел е сосема провиден па може да ја погледнете палетата и самите нијанси на сенките, а додека пак на задната страна се испишани сите оние податоци кои вообичаено се напишани на сите производи, заедно со нијансата на палетата што во овој случај е 03 rose nudes.
Кога ќе ја отворите палетата, таму ќе најдете 8 нијанси од кои неј се сосема светкави ,некои седефасти ,  а некои мат.
 Сенките имаат доста мека структура па лесно се пренесуваат на четката со која ги земате,но не се ронат и тоа според мене е голем плус.
 Тексурата е иста и кај темните нијанси.
Оваа палета во себе содржи 5 посветли нијанси и 3 доста темни што овозможува изработка на шминка погодна и за дневна и за вечерна варијанта,а  самите бои се одлични за прилагодување во повеќе годишни времиња.
 Иако доста светлите нијанси од оваа палета не се сосема есенски сепак нивното комбинирање со останатите потемни, како би посветлиле некој делови на окото, визуелно ќе ги нагласат Вашите очи и ќе ги постават во прв план.
Особено таков ефект ќе постигнат лица со кафеави и зелени очи. Бидејќи бојата на моите очи е некоја комбинација од кафеави и зелени, за мене оваа палета и идеална и со сигурност останува во секојдневна употреба кај мене и наредниот месец.
На кратко, одлична палета со феноменална текстура, квалитет и пигментација. Оваа палета може да ја надете во парфимериите Еликсир по цена од 1050 денари.

Tuesday, October 11, 2016

Malena Lipgloss Review!!



 
Здраво девојки,
Денес за Вас припремив една рецензија, овојпат за сјаевите за усни на брендот Малена. Незнам кое е Вашето мислење ,нo јас некако се презаситив од сите мат кармини, мат течни кармини итн. па мојата шминка започнав да ја надополнувам со сјаеви за усни. 
Во овие есенски денови, сјаевите на некој начин ја надоградуваат мојата шминка на начин што дава свеж и гламурозен изглед.
 Затоа сакав да ја подновам мојата колекција на сјаеви за усни со нови и свежи бои , и тоа го направив со 4 нови нијанси на сјаевите за усни на Малена за кои денес сакам да ви ги пренесам моите впечатоци. 
Сјаевите доаѓаат во пластично пакување со прозирен дел како би ја погледнале бојата н апроизводот и сребрен поклопец. Секој од нив содржи 6мл производ , а нивната цена е 120 денари.
Овој сјај пред се, се разликува по својот апликатор кој овде е во вид на мала густа четка, па со тоа доста прецизно може да го нанесете сјајот на усните.
Текстурата на овие сјаеви е феноменална, мазна и лесна за нанесување ,а  сепак сетуван на усните останува тука со часови. 
Уште еден факт кој многу ми се допадна кај овие сјаеви е изборот на бои кои Малена го нуди преку овие производи.
 Палетата на бои нуди нијанси од најсветли неутрални па се до темни бордо и виолетови . Притоа , може да најдете сјаеви кои имаат мала пигментација па се одлични за нанесување над некој добар молив за усни, а исто така во оваа палета постојат и сјаеви кои имаат толку јака пигментација што може да ги наречеме течни кармини а не сјаеви за усни.
Како што напоменав на почетокот, мојот избор овојпат се сведе на 4 нои и тоа сосема прозирен во број 23, нежно роев во број 9 , и два сјаеви со доста јака пигментација па мене ми наликуваат на течни кармини во броеви 5 и 11. 
Јас ги користам во дневна и вечерна варијанта , а нивните бои ми овозможуваат да ги вклопат со различна шминка.
Кога ќе го спореднам квалитетот на овие сјаеви со нивната цена, можам да кажам дека квалитетот и прилагодливоста на овие сјаеви е многу поголема.
Моја целосна препорака за овие производи на Малена.

Thursday, October 6, 2016

New make up brand - Sabina Rudnik cosmetics + GIVEAWAY !!



Здраво девојки,
После неколкудневна пауза ,повторно еве ме назад со нов текст во кој одлучив да ви прикажам сосема нов бренд на декоративна козметика кој од неодамна може да се најде кај нас.
Денес сакам да ви го претставам Германскиот бренд на декоративна козметика наречен Sabrina Rudnik. Ова е бренд на дрогериска шминка, сметам дека може да ја сврстиме во таа група според нејзиниот ценовен ранг. 
Пред извесен период, сосема случајно пребарувајќи по интернет наидов на овој бренд и ми изгледаше како интересен поради одредени производи кои ги погледнав, па така нарачав неколку производи кои денес сакам да ви ги прикажам.Производите може да ги нарачате on-line на страната www.bellina.mk
 Сепак, бидејќи овие производи се кај мене од неодамна и неможев да ги испробам сите, неможам да кажам посебно мислење за секој од нив ,но тоа секако ќе може да го прочитате во моите наредни постови каде ќе направам подетални рецензии за нив.
Она што генерачно можам да го кажам за овој бренд е тоа дека производите пред се имаат интересни амбалажи и доаѓаат сосема запакувани .На тој начин  сте сигурни дека никој пред Вас не ги отварал тие производи. 
Сметам дека ова е огромен плус за брендот. 
Покрај амбалажата, мојот прв впечаток за квалитетот на овие производи е ок, некои ми се допаднаа повејќе ,а некои помалку но сепак целосен впечаток за нив ќе напишам одкако ќе ги испробам сите. 
Што се однесува генерално до квалитетот на сите производи, во однос на цената тој е супер, производите се доста пигментирани и одлично ја вршат својата намена. Особено за мене на прв поглед се издвои коректорот кој добро покрива и е доста кремаст.

Производите кои пристигнаа кај мене се: течна пудра и пудра во камен, коректор, сјај и кармин за усни, моливи и палети со сенки . А сите тие може да ги погледнете на овие слики: 

Сепак, бидејќи ова е сосема нов бренд на нашиот пазар посакав дел од овие производи да стигнат и кај вас како би се запознале одлблиску со самиот бренд. 
Па така, мало пакетче одделив и за Вас, а ќе може да го добие некој од Вас кој ќе ги исполни чекорите потребни за учество во ова наградување. 
Во ова наградување , еден среќен добитник ќе може да добие течна пудра, компактна пудра и сјај за усни на брендот Sabina Rudnik.
Деталите околу ова наградување може да ги најдете на мојата фб страна на сликата која ќе го најави ова наградување.Директен линк до него може да најдете ТУКА
Како и досега, само оние учесници кои во целост ќе ги исполнат чекорите ќе имаат право на учестово.
 Исто така би сакала да напоменам дека профилите кои се направени исклучиво за учество во наградни игри, односно се лажни и зад нив стои една личност, ќе бидат веднаш дисквалификувани. И на крај да напомен дека производите кои ќе ги добиете, се одпакувани од заштитната фолија како би можела да ги исликам и представам тука. Ниеден од нив не е користен и тие се соема нови. 

Се надевам дека ви се допаднаа овие производи, и среќно на сите оние кои ќе учествуваат во ова наградување.