Tuesday, October 25, 2016

Max Factor Masterpiece Eye shadow palette!!


Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.   
Пред извесен период бев во потрага по практична мала палета со сенки во која ќе се вклопат бои со кои ќе можам да направам и дневна и вечерна шминка, палета со сенки која ќе можам без никаков проблем и размислување да ја земам со себе во мојата не толку голема ташна. 
И тоа го најдов во палета на Мах фактор наречена Masterpiece Nude palette
За мене оваа палета стана фаворит изминативе 2 недели откако ја користам, првенствено поради склопот на бои во неутрални розевкасто- виолетови тонови.
 Затоа, денес сакам со Вас да ги споделам моите впечатоци од оваа палета на Мах фактор. 

Пред се би започнала со самиот бренд. Верувам дека не постои девојка која не го пробала овој бренд на декоративна козметика,и која не е сопственичка н абарем еден производ од Мах фактор.
 Ова е феноменален бренд кој има одличен квалитет и пристапни цени.
 Затоа, најчесто кога несум сигурна при изборот на некој нов производ, секогаш го бирам од штандот на Мах фактор. 

Што се однесува до самата палета, таа има преслатко златно пакување на кое предниот дел е сосема провиден па може да ја погледнете палетата и самите нијанси на сенките, а додека пак на задната страна се испишани сите оние податоци кои вообичаено се напишани на сите производи, заедно со нијансата на палетата што во овој случај е 03 rose nudes.
Кога ќе ја отворите палетата, таму ќе најдете 8 нијанси од кои неј се сосема светкави ,некои седефасти ,  а некои мат.
 Сенките имаат доста мека структура па лесно се пренесуваат на четката со која ги земате,но не се ронат и тоа според мене е голем плус.
 Тексурата е иста и кај темните нијанси.
Оваа палета во себе содржи 5 посветли нијанси и 3 доста темни што овозможува изработка на шминка погодна и за дневна и за вечерна варијанта,а  самите бои се одлични за прилагодување во повеќе годишни времиња.
 Иако доста светлите нијанси од оваа палета не се сосема есенски сепак нивното комбинирање со останатите потемни, како би посветлиле некој делови на окото, визуелно ќе ги нагласат Вашите очи и ќе ги постават во прв план.
Особено таков ефект ќе постигнат лица со кафеави и зелени очи. Бидејќи бојата на моите очи е некоја комбинација од кафеави и зелени, за мене оваа палета и идеална и со сигурност останува во секојдневна употреба кај мене и наредниот месец.
На кратко, одлична палета со феноменална текстура, квалитет и пигментација. Оваа палета може да ја надете во парфимериите Еликсир по цена од 1050 денари.

No comments:

Post a Comment