Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Доколку го следите мојот блог, добро знаете дека пред
извесен период кај мене пристигнаа поголем број на производи на брендот Doctor’s ,за кои
всушност и можевте да читате најразлични текстови на мојот блог.
Како последен текст од тој серијал на рецензии ви
подготвив текст во кој сакам да ви ги пренесам моите први впечатоци од
користењето на 4 производи на овој бренд. Станува збор за кремата за лице со
авокадо, 2 шампони за коса и восокот за коса.
Па да започнеме:
Витамиска крема со Авокадо- како и секоја друга крема на
овој бренд за која зборувавме тука, така и оваа витаминска крема доаѓа во
пластично бело пакување од 50мл.
Во себе содржи Витамин А, Е и пантенол , што
оваа крема ја прават погодна за регенерирање на кожа која е испукана или
оштетена. Одлична за користење во лето кога јаките сончеви зраци честопати
предизвикуваат сушење на кожата.
За мене оваа крема се покажа како одлична за
обновување на кожата на рацете.
Уште два производи кои започнав да ги користам ова лето
како би ја одржала влажноста на мојата коса, се шампонот со алое вера и
шампонот со морски алги и инерали на овој бренд. Како медицински препарати ,
очекував могу повеќе веќе по прво то користење, но неможам да издвојам некоја
посебна карактеристика од која сум воодушевена.
Генерално и двата шампони се
добри, добро ја чистат косата и не ја исушуваат.
Се надевам дека до крајот на
паувањата веќе ќе можам да кажам нешто повеќе за нив.
Восок за коса – восокот за коса е производ кој јас го
користам исклучиво по пеглање на истата, како не би ми се створил електрицитет.
Па така, купувајќи го овој на Doctor’s немав некои посебни очекувања освен да ја заврши таа
работа. Сепак пријатно сум изненадена, косата добива посебен сјај и не масна, а
рамната коса останува подолг период.
Одличен производ .