Wednesday, September 11, 2019

Од сега и на YouTube канал!


Здраво на сите ,
Накратко сакав да ве известам дека од сега може да ме следите и на мојот YouTube канал , на кој ќе пронајдете видеао кои опфаќаат теми поврзани со шминка ,козметика,мајчинство и lifestyle.
Се надевам дека ќе ви се допаднат моите видеа, се гледаме таму.
Не заборавајте да ме следите и на Инастаграм!
Линк  - YouTube канал 

Новитети+Први впечатоци!

FAVORITI ZA MESEC JULI

What is in my make up bag!

Q&A #1-Блог, почетоци, заработки...

Wednesday, October 4, 2017

Нова адреса на блогот!! New blog adress!!


Здраво девојки,
Доколку ме следите на facebook  или instagram можевте да прочитате неѓто повеќе за ова. Но, за сите оние кои не ги виделе моите објави таму, сакам да ве известам и тка со еден краток пост.

Со голема возбуда , Ви го претставувам новиот дизајн на My Make Up Bag M блогот.
Од сега следете ги сите текстови збогатени со видео туторијали, како и многу нови содржини , на
https://mymakeupbagmblog.wordpress.com/ !
Не заборавајте да го притиснете копчето СЛЕДИ и на новата адреса на блогот, како би добивале известување за секој нов текст!


Saturday, July 22, 2017

First impresions - Doctor's products!!




Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Доколку го следите мојот блог, добро знаете дека пред извесен период кај мене пристигнаа поголем број на производи на брендот Doctor’s ,за кои всушност и можевте да читате најразлични текстови на мојот блог. 

Како последен текст од тој серијал на рецензии  ви подготвив текст во кој сакам да ви ги пренесам моите први впечатоци од користењето на 4 производи на овој бренд. Станува збор за кремата за лице со авокадо, 2 шампони за коса и восокот за коса.
Па да започнеме:
Витамиска крема со Авокадо- како и секоја друга крема на овој бренд за која зборувавме тука, така и оваа витаминска крема доаѓа во пластично бело пакување од 50мл. 
Во себе содржи Витамин А, Е и пантенол , што оваа крема ја прават погодна за регенерирање на кожа која е испукана или оштетена. Одлична за користење во лето кога јаките сончеви зраци честопати предизвикуваат сушење на кожата. 
За мене оваа крема се покажа како одлична за обновување на кожата на рацете. 
Уште два производи кои започнав да ги користам ова лето како би ја одржала влажноста на мојата коса, се шампонот со алое вера и шампонот со морски алги и инерали на овој бренд. Како медицински препарати , очекував могу повеќе веќе по прво то користење, но неможам да издвојам некоја посебна карактеристика од која сум воодушевена.
 Генерално и двата шампони се добри, добро ја чистат косата и не ја исушуваат. 
Се надевам дека до крајот на паувањата веќе ќе можам да кажам нешто повеќе за нив.

Восок за коса – восокот за коса е производ кој јас го користам исклучиво по пеглање на истата, како не би ми се створил електрицитет. 
Па така, купувајќи го овој на Doctor’s немав некои посебни очекувања освен да ја заврши таа работа. Сепак пријатно сум изненадена, косата добива посебен сјај и не масна, а рамната коса останува подолг период. 
Одличен производ . 

Thursday, May 11, 2017

Doctor's Propolis Hair Mask!




Здраво девојки,
Верувам дека секоја од Вас добро ги познава благодетите на медот и неговата широка примена како во исхраната така и во козметиката.
Па така денес сакам да ви представам еден нов производ во мојата колекција кој неодамна започнав да го користам.
Станува збор за маската за коса на брендот Doctor’s која во себе содржи прополис. 
Ќе започнам од самата амбалажа. Едноставно бело пакување од 200мл. кое на себе ги има испишано сите потребни информации околу самиот производ, а кога ќе го отворите внатре се наоѓа самата маска со извонредно јак мирис на мед и златеста боја.
Ова е една од најгустите маски за коса која сум ја пробала до сега, но и маска која на мојата коса и даде најголем број на бенефити.
Во себе содржи А,Ц и Е Витамини кои ја хранат косата и ја прават појака и посјајна.
 Исто така, оваа маска ќе и овозможи на Вашата коса поголем волумен и побрз раст, ќе ја храни и ќе и ја врати природната хидратизација,па косата е мазна и нежна. Со  тоа сметам дека оваа маска е одлична за користење во текот на жешките летни денови кога сонцето нанесува значителни штети на самото влакно. 
Маската се нанесува 1-2 пати во текот на неделата и се остава да делува 5минути како и секоја друга маска.
Исто така, оваа маска ќе ви помогне во решавање на проблемот со заплеткување на косата, па по нејзиното користење косата се расчешлува лесно и едноставно.

Wednesday, April 26, 2017

First Impresions!- Aura Absolute Shine lipglosses...


Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Денес со Вас , сакам да ги споделам моите први впечатоци од користењето на сјаевите за усни на Аура – Absolute Shine  во нијанси 510 и 501. 
Пред извесен период, тука на мојот блог можевте да причитате текст за новите пролетни трендови кога станува збор за шминка и козметика. 
Во тој текст споменав дека оваа пролет мат кармините се оставаат настрана , а во преден план повторно се сјаевите за усни и сјајните кармини.
Но, и покрај препораките на светските make up артисти, едноставно како да се презаситив од сите тие мат течни и обични кармини, и посакав поголема хидратизација и свеж сјајен изглед на усните.
 Па така, помеѓу останатите производи, се одлучив и за 2 сјаја за усни на брендот Аура.

Иако линијата Absolute shine е линија на сјаеви која на пазатор е поставена пред неколку години , сепак нејзините интересесни нијанси и супер квалитет се доста привлечни и прилагодливи на различните трендови.
Овојпат мојот избор падна на две нијанси, 510 нежно Nude неутрална нијанса со одлична пигментација и лесно прилагодлива па може да се носи самостално или над некој добар кармин или молив за усни . Покрај оваа 510, избрав уште една нијанса 501 која е светло праска боја која во себе содржи ситни златни  светулки кои на усните им даваат гламурозен изглед. За разлика од предходната нијанса, оваа е транспарентна односно нанесена на усните дава сосема блага боја и дискретно ги нагласува. Оваа нијанса  е одолична за дневна нежна варијанта или како надополнување на јака шминка на очите каде акцентот сакаме да остане на самите очи,а  усните треба да бидат нежни и иедноставни. 
Што се однесува до сама структура на овие сјаеви за усни на Аура, на прв поглед, таа е добра. Сјајевите се средно лепливи, имаат добра пигментација, лесно се нанесуваат поради апликаторот кој е со средна големина и траат и до 5 часа, барем тоа е моето искуство.
Се на се, мојот прв впечаток е одличен и со сигурност ќе ја надополнам мојата колекција со уште некоја нијанса.