Monday, February 13, 2017

My everyday make up routine - #2 Mascara!




Здраво девојки,
Пред извесен период тука на мојот блог, можевте да го прочитате првиот пост од серијалот на постови во кои сакам да ви ги прикажам  производите од декоративната козметика кои јас ги користам во мојата секојдневна рутина на шминкање.
Таму можевте да прочитате нешто повеќе за пудрата која е дел од мојата секојдневна рутина на шминкање во изминатиов период ,тој пост може да го погледнете ТУКА, а денес ќе ви ја представам маскарата која исто така ја користам на дневна основа.
Првата асоцијација која ми доаѓа на памет кога зборувам за трепки е волумен. За мене трепките секогаш мора да имаат волумен. Тоа е мојот „заштитен знак“, а маскарата за волумен, мојот омилен производ.
Иако на пазарот може да пронајдете голем број на различни маскари од различни брендови, и барем јас често пати поскакувам да испробам што е можно поголем број од нив, дел од радозналост дел поради мојата работа како блогер, но секогаш се наврајќам на брендот Мах фактор. Тоа е мојата сигурна карта и секогаш кога имам потреба од гламурозен изглед на очите ,а не сакам да погрешам, избирам маскара на овој бренд.
 До неодамна тоа беше маскарата 2000 калори, а од неодамна тоа е Voluptuous False Lash Effect mascara, маскара која на трепките им дава неверојатен волумен и истовремено ги издолжува.Барем тоа е мојот впечаток од нејзиното користење.
Кога првпат ја видов оваа маскара, за мене имаше преголемо пакување и огромна четка за нанесување на производот, па се прашував како е можно да со ваква голема четка нанесете прецизен слој на маскара. Но, со оглед на тоа што стануваше збор за брендот Мах фактор не се сомневав во нејзиниот квалитет и одлучив да ја испробам. И секоко не погрешив, феноменале производ.
Маскарата има одлична текстура и супер пигментација.
На трепките остава сосема црна боја,интензивна и долготрајна.
Јас секогаш ја нанесувам маскарата во 2 слоја,а тоа кај некои маскари знае да направи трепките да изгледаат лошо и слепено.
 Секако , тоа не е случај со овој производ. По нејзиното нанесување, маскарата дава неверојтен волумен и должина на моите трепки, а притоа се добива ефект на вештачки трепки иако тие не се на Вашите очи.
Уште една позитивна карактеристика кај овој производ, е неговата трајност која кај мене и по 5 месечна секојдневна употреба сеуште е интензивна во нејзината боја, а можам да забележам и дека производот се истрошил нешто повеќе од половина. 
 Оваа маскара јас ја купив по цена од околу 900 денари во Еликсир парфимериите. 

Дали Вие сте ја пробале оваа маскара? Која е Вашата омилена маскара за волумен?

No comments:

Post a Comment