Friday, December 2, 2016

My everyday make up routine - #1 Foundation!



Здраво девојки,
Последниов период  доста често , на различни блоготви, наидувам на постови во кои девојките ги прикажуваат своите секојдневни рутини на шминкање и производите кои ги користат.
 Па така, тој тип на пост ме заинтересира и дојдов на идеа и јас да направам такво нешто но  во малку поразличен формат ,односно во наредните неколку поста сакам да ви ги прикажам производите од  декоративната козметика кои јас ги користам секојдневно, а тоа ќе го направам така што ќе ви ги прикажувам производ по производ со малку повеќе информации за нив. 
Се надевам дека ќе ви се допадне оваа моја идеа и дека ќе најдете интересни но и корисни информации во овие постови. 
Па да започнеме. 

Денес ,како прв пост и прв производ кој го користам во мојата секојдневна рутина, сакам да ви ја прикажам течната пудра која во моментов ја користам.
Кога станува збор за секојдневната шминка, сакам да користам пудери со средна или мала прекривна моќ, кои се лесни и и дозволуваат на кожата да дише.
 Изминатиов период таа улога и припадна на течната пудра на Малена во број 2, и можам да кажам дека сум презадоволна од тоа како мојата кожа изгледа со неа. 
 
Текстурата, начинот на кој се нанесува и прилагодливоста на кожата, кај оваа пудра се феноменални. 
Таа има добра средна покривна моќ па така со само еден слој ги прекрива сите неправилности на лицето и се добива изедначен тен.
Пријатна е на самата кожа поради својата мазна текстура, а истовремено и поради нејзината хидрирачка моќ, па кожата после нејзиното користење воопшто не е сува туку напротив таа е мека и мазна. 

Оваа пудра останува на лицето доста долго, па така можам да кажам дека без никаков проблем се задржува на мојата кожа до 6 часа, што е одлично за пудра рангирана во дрогески производи и со цена од 150 денари. 
Исто така ,како што наведува производителот, оваа пудра во себе не содржи парабени,парафини,парфеми и жива. 

Се надевам дека ви се допадна ова мое кратко представување на течната пудра која е дел од мојата секојдневна рутина на шминкање. 
Доколку е така, незаборавајте да го следите мојот блог и очекувајте ги новите постови во кои ќе ги споделам останатите производи кои г икористам во мојата секојдневна make up рутина.

Friday, November 18, 2016

Yves Rocher Anti-hair loss stimulating Shampoo!!



Здраво девојки,
Сите добро знаеме како промената на годишното време влијае врз нашиот организам,па сето тоа се рефлектира со одредени промени на него . Така, есента кај мене донесе проблем со опаѓање на косата кој пробав да го решам на повеќе начини, а искуствата се она што денес сакам да ви ги пренесам во овој пост.
Како што напоменав, со почетокот на есента започна и мојот проблем со опаѓање на косата кој за волја на вистината се појавува секоја есен,но никогаш до сега во овие размери. И така тргнав во потрага по козетички препарати кои би ми помогнале во негово решавање.
 Започнав со промена секојдневната и вообичаена рутина,односно го променив мојот шампон и започнав да користам масла за коса и регенератори во спреј како дополнително би ја хранела косата и би го зацврстила нејзиниот корен. Воведувањето на овие производи во мојата нега даваа делимичен резултат,односно на почетокот се одеше супер и после 10тина дена проблемот повторно се враќаше. И така испробувајќи поголем број на производи, се сетив на брендот Yves Rocher и на тоа како нивните производи ми помогнаа во борбата со масната кожа на лице,па одлучив да побарам некој производ од нивниот бренд,  кој ќе ми помогне во спречување на опаѓањето на мојата коса. 
Тогаш наидов на Anti-hair loss stimulating shampoo – односно стимулирачкиот шампон против опаѓање на косата од бела лупина. Бидејќи неговата цена беше 360 денари за 300мл одлучив да го пробам и не се појакав. 
Овој шампон ми помогна  најпрво во намалување на опаднатите влакна, а потоа и во целосно решавање на овој проблем. Па затоа денес сакам да направам една мала реценизија во која подетално ќе ви го опишам овој производ.
Самиот шампон доаѓа во пластично и доста едноставно пакување од 300мл, доволно за едномесечно користење. Густината на производот е доста голема па така потребна е мала количина на производ за целосно и темелно да ја измиете Вашата коса.
Ова е шампон кој во себе содржи бела лупина која и помага на кожата во поттикнување на механизмите за спречување на опаѓањето на косата, а исто така ја поттикнува и микроциркулацијата на скалпот со што коренот на влаконото се храни дополнително .
Тоа што мене ми се допадна кај овој шампон, пред се е фактот што овој производ не содржи силикони и парабени кои дополнително го оптоваруваат влакното. 
Неговото користење дава пријатно чуство на скалпот, а косата е мека, сјајна и јака.
Јас го користам веќе 2 месеци и можам да кажам дека значително се намали бројот на влакна кои паѓаат од мојата коса, косата е посјајна и на изглед поздрава што особено ми се допаѓа бидејќи се врати и нејзината природна густина. 

Friday, November 11, 2016

Aura All Year Bronze Bronzing Powder!!



Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
 Бронзерот е еден од производите од декоративната козметика, кој за мене е mast have во секој период од годината. Со него успевам да добијам сосема природен изглед со означени контури на лицето. Притоа некористам никакви сетови за контурирање на дневна база бидејќи имам доста светол тен, па сета таа работа сосема солидно и добро ја врши бронзерот.

Пред извесен период компанијата Аура во продажба лансираше нови бронзери наречени All year bronze bronzing powder, а денес јас сакам да ви претставам два од нив и тоа  911 Safari trip и 910 Sandy beach
Она што генерално можам да го кажа и за двата бронзери на Аура, е тоа дека сум воодушевена од нивниот квалитет и одлична текстура. 
Лесно се нанесуваат на лицето и лесно се блендаат, а така нанесени даваат сосема природен изглед и едноставно се стопуваат со тенот. 


911 Safari trip – овој бронзер мене ме потсетува на Африка поради комбинацијата на бои и начинот на кој тој е сместен во самото пакување. 
Содржи 3 бои, темна ,средна и светла, кои може да ги комбинирате и на тој начин да добиете боја одлична за девојки со поисончан или потемен тен,но и за девојки кои со овој производ ќе ги нагласат своите контури. 
Секако, секоја од овие бои може да ја користите индивидуално како преодна сенка за прегибот на окото, контурирање на носот, исцртување на веѓите, а мене најомилена  друга намена на овој бронзер, хајлајтинг со помош на најсветлата нијанса. 
Самиот производ е навистина доста голем и во себе содржи 18г. што ќе ви потрае доста долго. Како што напоменав погоре, текстурата на овој производ е свиленкасто нежна ,одлична за ваков тип на производи.
 За мене овој бронзер е одличен за дневна но и вечерна опуштена варијанта на шминка.
910 Sandy beach – ова е нешто потопла варијанта на бронзер и одличен е за вечерна шминка поради ситните светки кои ги содржи во себе.
 Нанесен на лицето, светките едноставно се стопуваат со кожата и се неприметни,но даваат благ хајлајт и отсјај па така го нагласуваат местото на кое е нанесен овој бронзер.
 Текстурата и на овој бронзер е идентична како и на предходниот, па со самото тоа тој е многу добар за нанесување и блендање.
 Можебии поради неговата топла нијанса ,овој бронзер би бил одличен за дневна варијанта на шминка ,но светките кои се наоѓаат во него го прават по гламурозен ,и според тоа мое мислење е дека овој бронзер е пред се наменет за по глаурозна шминка. 

Доколку сте во потрага по бронзер кој лесно ќе се прилагоди на Вашата кожа, бронзер кој ќе има одлична текстура и квалитет, а притоа нема да чини илјадници денари, овие бронзери на Аура се вистински избор за Вас. 
Моја целосна препорака за нив. 

Не заборавајте да ме следите на мојата фб страна My Make Up Bag M и  на мојот инстаграм профил.

Tuesday, October 25, 2016

Max Factor Masterpiece Eye shadow palette!!


Здраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.   
Пред извесен период бев во потрага по практична мала палета со сенки во која ќе се вклопат бои со кои ќе можам да направам и дневна и вечерна шминка, палета со сенки која ќе можам без никаков проблем и размислување да ја земам со себе во мојата не толку голема ташна. 
И тоа го најдов во палета на Мах фактор наречена Masterpiece Nude palette
За мене оваа палета стана фаворит изминативе 2 недели откако ја користам, првенствено поради склопот на бои во неутрални розевкасто- виолетови тонови.
 Затоа, денес сакам со Вас да ги споделам моите впечатоци од оваа палета на Мах фактор. 

Пред се би започнала со самиот бренд. Верувам дека не постои девојка која не го пробала овој бренд на декоративна козметика,и која не е сопственичка н абарем еден производ од Мах фактор.
 Ова е феноменален бренд кој има одличен квалитет и пристапни цени.
 Затоа, најчесто кога несум сигурна при изборот на некој нов производ, секогаш го бирам од штандот на Мах фактор. 

Што се однесува до самата палета, таа има преслатко златно пакување на кое предниот дел е сосема провиден па може да ја погледнете палетата и самите нијанси на сенките, а додека пак на задната страна се испишани сите оние податоци кои вообичаено се напишани на сите производи, заедно со нијансата на палетата што во овој случај е 03 rose nudes.
Кога ќе ја отворите палетата, таму ќе најдете 8 нијанси од кои неј се сосема светкави ,некои седефасти ,  а некои мат.
 Сенките имаат доста мека структура па лесно се пренесуваат на четката со која ги земате,но не се ронат и тоа според мене е голем плус.
 Тексурата е иста и кај темните нијанси.
Оваа палета во себе содржи 5 посветли нијанси и 3 доста темни што овозможува изработка на шминка погодна и за дневна и за вечерна варијанта,а  самите бои се одлични за прилагодување во повеќе годишни времиња.
 Иако доста светлите нијанси од оваа палета не се сосема есенски сепак нивното комбинирање со останатите потемни, како би посветлиле некој делови на окото, визуелно ќе ги нагласат Вашите очи и ќе ги постават во прв план.
Особено таков ефект ќе постигнат лица со кафеави и зелени очи. Бидејќи бојата на моите очи е некоја комбинација од кафеави и зелени, за мене оваа палета и идеална и со сигурност останува во секојдневна употреба кај мене и наредниот месец.
На кратко, одлична палета со феноменална текстура, квалитет и пигментација. Оваа палета може да ја надете во парфимериите Еликсир по цена од 1050 денари.