Hey girls,
Welcome to my blog. Today I want to present you 4 nail
products from the company Aura, that will help you make your own manicure at
home.
The products :
1. Aura Shine top cote- this is a product that will give extreme
shine to the nails. The texture is very light and , easy to apply and it dries
very fast. Excellent to apply above nail polishes that are mat, or
nail polishes that do not have enough shine in it.
2.Aura Matt to cote – for a months now, I was looking for a
good matt top cote ,and finally I got this .I can say that this is my favorite
product form this 4 that I got. It is a very interesting product to play whit
and make a lot of different manicures to the nails. The only thing that you
have to do to get a perfect effect, Is that the nail polish has to be completely
dry before you apply a coat of this product. Always apply just 1 coat.
3.Aura Up to 10 Days – this is a product that will keep the
nail polish on your nails for 2 weeks, no matter if you are going to wash the dishes or wash the clothes. The only thing you
have to do, to get the perfect effect, is to dry this top coat completely, and
that means not to work anything 2-3 hours after you apply this top cote
4.Aura Instant base- this is a product that you will apply
first , before the nail polish. Just one coat of this base , will make your
nails even, and the nail polish after will look same pigmented in the all nail.
Здраво девојки,
Добродојдовте на
мојот блог. Денес сакам да Ви ги претставам производите не компанијата Аура, со
чија што помош на едноставен и лесен начин може да водите грижа за Вашите
нокти, и секогаш да имате извонредно изработен маникир направен во домашни услови
и за малку пари.
Станува збор за 4
производи и тоа:
1. Аура shine
top cote- овој производ им дава дополнителен сјан на
Вашите нокти и лакот кој е нанесен на нив. Самиот производ е прозирен и доста
воденкаст, па лесно и едноставно се нанесува на ноктната плоча, а доста брзо и
се суши. Одличен производ кој може да Ви помогне во тоа да одреден мат лак го
направите сјаен, на недоволно сјајните лакови им дадете дополнителен блесок , а
истовремено да го проидилжите траењето на лакот на Вашите нокти.
2.Аура Matt
to cote- мојот омилен производ од
овие 4ри. Веќе подолго време сум во потрага по одличен надлак со кој ќе можам
да изработувам мат маникири на моите нокти, но дури илаковите кои ги купував и
беа мат, не го постигнуваа ефектот кој јас го посакував. Овој надлак пак, е
навистина одличен , и за момент со само еден слој нанесен на ноктот, дава
неверојатно добар матиран изглед кој трае и до една седмица.Одкако нанесениот
слој на лак ќе се исуши во потполност, веднаш над него се премачкува еден слој
од овој мат надлак и веќе за неколку секунди имате извонредно матиран лак
3.Аура Up
to 10 Days- долготрајноста на
маникирот на Вашите нокти , е нешто што зависи од самиот квалитет на лаковите
кои ги купувате но, и од тоа како и колку ги чувате Вашите нокти.Сите добро
знаеме дека водата го уништува миникирот,па миењето садови и не е преппорачливо
доколку сакате извонредно средени нокти. Но, со овој производ јас го надминав
тој проблем бидејќи, поставен на кој и било лак, овој производ го чува
маникирот и до 2 седмици, небитно притоа дали внимавате на него или не.
Едниственото нешто што го забележав користејќи
го овој производ , е тоа дека доколку слојот нанесен на ноктите не се исуши
добро, притоа јас го чував 2-3 часа без да работам како би се исушил целосно,
ќе се извади целиот лак истиот ден.
4.Аура Instant
base – овој производ е намет за
пополнување на сите нерамнини кои се наоѓаат на Вашите нокти. Нанесувајте го
секогаш пред нанесување на лакот и тоа така што ќе го нанесете во тенок слој и
ќе оставите да се исуши добро. Одкако оваа база е сува, ќе забележите дека
Вашите нокти се потполно мазни и лакот на едноставе и лесен начин се размачкува
поднеднакво на целиот нокт. Притоа ќе добиете одлична пигментација во секој дел
на ноктната плоча.
Ова се моите
впечатоци и начинот на кој јас ги користев овие четири производи изминатиов
периот. Дали сте испробале веќе некој од нив?